КОЛУМНА НА НАТАЛИЈА ИВЧЕВА: Меркел ги опцу Кире Лазаров и Владо Јовановски?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

nata_kolumniТоа што Република Македонија според некои „застранува“ од Европскиот пат, односно дека граѓаните ја губат довербата во Европските институции, веќе не е ниту претпоставка или проекција за иднината, туку реалност. Сегашност.

И оние кои се најгласни во кажувањето дека ВМРО-ДПМНЕ била про-руска партија, која имала тесни врски со Русија, очигледно го загубиле компасот и наместо да му одмогнат, всушност му помагаат на Груевски, имајќи во предвид дека народот навистина не може повеќе да ја трпи дволичноста и лицемерието на Бриселските медиокритети, и бара друга алтернатива. И, да тие луѓе се оние кои го финансираа Зекири, Адеми, Заев, Верушевски, Џабир Дерала и редица други повикувачи на пуч и крв по улици.

Мојата про-руска афилијација е всушност афилијација кон вистината. Кон нешто што е реално, видливо и не е дволично. Да, верувам дека Западот нуди повеќе можности по однос на капталот, економијата или финансиите, но Истокот е онаму каде што припаѓаме. И токму ваква криза, предизвикана од Бриселските медиокритети, а пропагирана од недоносени ликови „трудни“ од врската со полицијата, како Катерина Блажевска, на народот само му дадоа причина плус, или беа агрегат народот уште побрзо да се определи и да го отфрли лицемерието на „западот“, кој веќе 30 години ги бои улиците на Балканот – де со крв, де со поликолор.

А, и не треба да ве чуди фактот што личности кои работат во влади на странски држави како Германија во случајов, всушност се примарната причина поради апатијата која кај народот се создава кон ЕУ и НАТО.

Замислете, претставник на владина агенција на Германија, Македонка која плука по националните спортски и културни херои, современици.

 

Ако ја користиме ступидната аналогија на дотичната, која спинувајќи ги зборовите на Кире Лазаров импутираше дека тој всушност бранел концепт кој значи дека Албанците не би требало да играат во националниот дрес, во тој случај, ставовите на Дојче Веле и нивните вработени, слободно би можела да ги спинувам како ставови на Ангела Меркел.

Значи, Ангела Меркел преку гласот на Дојче Веле во Македонија всушност сака да каже дека нашите национални херои како Кире Лазаров и Владо Јовановски, легенди во својот домен, се всушност „празноглави платенци“?

Или пак, Меркел сака на Македонската јавност да и порача дека Македонија треба да ја прифати Албанската платформа и да се федерализира и да го промени знамето, химната, грбот? Да ги ослободи терористите од „Сопот“, „Монструм“, „Диво Насеље“?

Не, секако дека Меркел не сака да го каже тоа. Но така звучи, кога доаѓа од устите широко отворени кога треба да се полни џебот со странски пари.

И сега, јасно ли е зошто на Македонците им е преку глава од имагинарните вредности на Европа? Вредности кои се валоризираат само во пари. Вредности кои се толку површни, што едноставно не поминуваат кај народ просветлен и продуховен како Македонскиот.

И гледајќи ги примерите како Блажевска, Ордановски, Кабранов, Борјан, секој нормален човек добива нагон на повраќање, и одвраќање од неколкудецениските „заложби“ за Евроатлантска интеграција, која му се сервира како нешто врховно, а всушност е толку ниско и мизерно како погоренаведените.

 

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This