КОЛУМНА НА НАТАЛИЈА ИВЧЕВА: Од партиски кафекуварки до директори на ДБК, а денес „експерти“ на тастер!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

nata_kolumniПоследниве неколку дена се јавија низа непроверени, самопрогласени експерти за безбедност и полиција, кои благодарение на неколкугодишното варење кафе по партиските штабови за нивните челници, преку ноќ станаа и функционери и ракводители на МВР.

Е, овие бивши функционери и т.н. експерти по безбедност и полиција, својот глас го шират преку самонаречени новинари, кои пак својата кариера ја изградиле кај оние кои пред да станат раководители и функционери во МВР биле кафекуварки за партиските челници. И, оттаму можеме лесно да заклучиме колку тоа се „професионални“ проценките.

Ќе почнам со ред.

Прв, кој уште пред нередите се јави со теза за тоа како ќе изгледал влезот во Собранието на Р.Македонија се јави Горан Митевски, екс-шеф на ДБК и кратко на БЈБ, и тоа во мандатот додека јас бев помошник-министер за внатрешни работи.
За неговата професионалност доволно зборува фактот дека, за време на конфликтот во 2001-та, човекот чија сопруга работи во Австриската амбасада на неколку пати беше фатен на дело како фотокопира службени белешки, и наредби за акциите кои трбаше да бидат спроведени против терористите, и ги препраќа кај сопругата, но и на адреси кои коинцидираат со амбасадата која прва го „призна“ изборот на Командант Форина.

Кариерата на Митевски, како и онаа на Верушевски и Пивоваров се заснова на кодошење на безбедносните служби, пред ним претпоставените странски претставници, кои врз основа на извештаите кои ги добиваа од нив, постојано вршеа притисок врз тогашниот министер и премиер итно да престанат планираните анти-терористички акции, инаку ќе било лошо. И да, навистина беше лошо.

Во една од акциите, која беше договарана во апсолутна тајност, а секако директорите на службите мораа да ја знаат, добивме директен притисок од Питер Фејт, кој буквално со нога влезе во кабинетот на министерот и на висок тон му се закани дека или ќе биде прекината акцијата или ќе биде лошо. И бидна лошо. Се случи Вејце. Благодарение на искодошните документи и планови на полицијата за акцијата, терористите беа предупредени и спремија заседа.

Гледам, и дека како и тогаш, посочените недела дена претходно „знаеле“ дека ќе бидат активирани полициски сили кои ќе го предводеле нападот. Но тоа се старите удбашки финти. Ниту Митевски знаел, ниту можел да знае. Едноставно, тоа беше поставување на подлога, за потоа на база на неговото интервју за една од албанските телевизии во Македонија, да може да се гради целокупната пропаганда.

Ќе каже Митевски дека, во МВР имало многу кадри на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе го предводеле нападот, знаејќи дека некаков напад ќе се случи, имајќи во предвид дека тој морал да знае за планот на СДСМ и чадорот да провоцираат судир во Собранието за да го затскријат државниот удар. Откако СДСМ навистина го спроведе сценариото, а народот револтирано влезе да се пресмета со пучистите, започна црната пропаганда на соросоидите базирана на тврдењето на Митевски. Значи се работи за припремен план.

Но, ниту еден од овие „експерти“, не изусти ниту збор за полицаецот Аце и Сашо. Никој не кажа согласно кој член од Законот за овластени службени лица и правилникот за употреба на мерки за присилба,  потегнале огнено оружје против голораки цивили, и притоа, наместо професионално да си ја извршуваат работната задача и да употребат сила согласно нивната проценка, барале дозвола од партиски челник. Дотолку повеќе, тие биле телохранители по службена должност на екс-техничкиот министер за внатрешни Оливер Спасовски. Како што знаеме Спасовски не беше во непосредна опасност затоа што се криеше позади шест реда луѓе кои беа пред него. Согласно на ова, обезбдувањето нема оправдуање, имајќи во предвид дека лицето под нивна заштита не било под непосредна опаснсот. Што значи дека делувале по наредба на партиски челник, што пак е се освен професионално.

Сите овие „експерти“ на чело со Митевски, нели големите професионалци станаа телохранители и шефови на обезбедување на олигарсите од СДСМ. На пример Митевски, стана шеф на обезбедување на Минчо Јорданов.

Ако некој од МВР ја злоупотребил службата, и имал обид за убиство, тоа беа токму партиските војници на СДСМ – полицаецот Аце и Сашо. Полицајците кои беа таму како обезбедување на Шеќеринска, кои пак претходно биле осудувани за обид за убиство на директорот на охридски „Комуналец“.  Тоа се тие полицајци кои сакале да убијат некого на 27 април. Се друго е инсинуација и употреба на веќе прочитани удбашки финти.

Павле Трајанов нема ниту да го коментирам. Мислам, не сакам колумнава да биде лузерска.

Е сега, сите овие „ставови“ на експертиве кои блиску соработуваат со амбасади уште од време на конфликтот, медиумски простор случајно или не наоѓаат кај уште еден полициски доушник, или соработник, или како сакате.

Катерина Блажевска од Дојче Веле, своевремено беше обвинета за „соработка со полицијата од која останала и трудна“. И така беше. Истата кариерата ја изгради не поради тоа што била паметна или способна. Не.  „Кариерата“ и ја изградија информациите кои овие луѓе, гореспоменатите и ги даваа на тацна, а за нив беа важни да бидат медиумски пласирани бидејќи имале план некого да дискредитираат. На ова ќаруваше и Блажевска. Демек, големиов истражувачки новинар, која всушност работеше новинарска проституција за екс-партиски кафекуварки.

 

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This