КОЛУМНА НА НАТАЛИЈА ИВЧЕВА: Рeлноста е следна…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И, сега што? Го пpоменивме името, прифатиме Тиранска платформа, договори eaза добрососедство. Ја напуштивме Македонската дијаспора, култура, јазик, идентитет, историја. Живот нема. Поточно, има ама само за бате Вице и банда. Судиите од „Сваровски“ станаа „Корнишон“ судии, а државните институции наместо департизирани – дувла на партиски љангачи со завеана перцепција за реалноста која се случува околу нив.

И знаете како, сето ова беше очекувано. Впрочем, кога тоа било подобро со СДСМ на власт? – Никогаш. Да не почнуваме од деновите на транзицијата, преку ТАТ, нарачаните убиcтва, cамоубиcтвата со по неколку куpшуми во глава, тепањето на Албанци во Гостивар затоа што поставиле знаме. Не треба ниту да се заборави наредбата на Фрчковски со пушkи да тргне против оние кои бараа Тетовски универзитет. Ама, дискусијата за тоа веќе е бенигна.

Реалноста е следна.

Македонија остана без своето име, идентитет, историја, дигнитет. Македонците останаа без своето „јас“. Додуша, многумина – да бидам попрецизна нешто околу 400.000 луѓе во Македонија никогаш и немале свое „јас“. Секогаш им било поважно да имаат полн стомак, комодитет, пари. Тоа се оние заостанати комуњарски деца, кои додека автохтониот народ се бореше за сопствена држава, тие кркаа банани и печени кокошки од пензиите на лажните борци и платите на комунистичката административна клика. Нејсе, радиодифузна не плаќаме. Срамота, своето „јас“ си го продадоа за 190 денари – но од друга страна им ги наплатија со поскапа акциза на нафта, повисоки даноци, казни, инспекции. Ако.

Да се навратам на овој, последниот пораз. Знаете, приказната за Европската унија и нашето членство е завршена работа уште во 2001-та. Да. Тогаш заврши приказната и надежта дека Македонија би можела да биде материјал за членка на Европската унија. Тогаш, овие „пријателите“ на Македонија кои Шеќеринска ги промовираше во Охрид, меѓу кои Џорџ Робертсон и Пердју инсталираа перпетум мобиле криза. Македонија е постојано кризно жариште и како таква, никогаш нема да биде материјал достоен за ЕУ интеграции. Приказните дека ако се промени името ќе сме добиеле членство, се докажаа дека не се точни, дека се лага и само гориво во одржувањето на постојаната кризна состојба во која се наоѓа државата. И да, ЕУ ќе продолжи да испорачува услови.
-„Сега го променивте името? Ок. За членство треба уште да воведете геј бракови, и влегувате!“ – така некако ќе изгледаат условите. И така во недоглед. На крајот ќе треба и да се откажеме во најмала рака и од западна Македонија. Прво пополека, преку нежна кантонизација, во која кантоните ќе добиваат се поголеми права се до моментот додека не добијат право на референдум и се отцепат.

Така некако ќе изгледа и приказната со НАТО. Со тоа што, за НАТО имаме реална шанса да добиеме покана за членство. Но, повторно не како резултат на промена на името. Веќе е јасно дека Столтенберг не го интересира промената на името. Самиот кажа дека сега останувало на нас да сме ги доимплементирале реформите, па тогаш можеби ќе добиеме членство. Но, не заборавајте дека Столтенберг, поточно НАТО повторно не излажаа. Имено, во 2008-та по блокадата на Грција беше заклучено дека во моментот кога Македонија и Грција ќе изнајдат решение Македонија веднаш ќе добие датум за преговори и тоа на вонреден самит кој ќе биде закажан само за таа намена.

Но, и да беше така, и да повикаа самит, можноста Македонија да биде членка повторно е многу мала. За разлика од ЕУ, НАТО не е институција или организација – имено, НАТО претставува пакт на држави кои се согласни да делуваат заедно со претходен договор. Значи, НАТО е организација на држави кои се договориле да делуваат заедно. Немаат заедничка и супранационална власт, команда или слично. Туку секоја држава одлучува засебно но во рамки на политиките на НАТО. Или, не – како Турција.

Поаѓајќи од оваа премиса, тоа значи дека за членство во НАТО секоја земја членка ќе треба во своите национални парламенти да го ратификува актот за верификација на статусот земја членка на НАТО пактот за Македонија. Значи, замислете секоја земја членка треба да ратификува акт со кој ќе се утврди нашето членство. А, кој тоа гарантира дека на пример Литванија нема да бара Македонија да ја легализира марихуаната пред да го ратификува договорот? Или Албанија да побара отцепување на западниот дел на Македонија со цел да го ратификува договорот? Или пак Грција да постави некое апсурдно барање?

Впрочем, во ваква ситуација се најде и Црна Гора. Речиси две години чекаше Конгресот на САД да го ратификува актот за членство на Црна Гора во НАТО. Во меѓувреме бараа низа на небулозни услови, кои ја ставија Црна Гора во незавидна економска состојба. Црногорците се на дното согласно сите економски параметри, токму поради тие условувања. Леб немаат да јадат (со исклучок на оние кои живеат на крајбрежјето и тоа благодарение на руските туристи), ама важно се во НАТО.

Дополнителен проблем претставува тоа што за членството во НАТО освен тоа што ќе треба да прифатиме желби и честитки на различни држави, најчесто апсурдни, ќе треба и да плаќаме големи суми за таквото членство. Годишно, 2% од БДП на државата – процент кој се очекува да се покачи во наредните години поради политиката на Трамп да престане со финансирање на воените активности на пактот со американски пари.

Значи, 2% од БДП е грубо околу 600 милиони евра на годишно ниво. Замислете, АРМ секоја година да добива по 600 милиони евра пари за инвестиции во безбедноста и модернизација на армијата. Тогаш ќе ни треба НАТО? Секако дека не.

И, приказната дека некој ќе не нападнел, а ако сме во НАТО ќе сме биле безбедни…тоа е чиста глупост. Заплашување на народ кој држен во информативен мрак, мисли дека сме пред апокалипса. Кој тоа би не нападнал? Албанија? Грција? Бугарија? Србија? Кој?

И на крајот се сѐ сведува на радиодифузната такса. Да. Кај оние на кои 190 денари им се повредни од достоинството и сопствениот интегритет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This