April 20, 2024, 11:16 am

КОЛУМНА НА ПРОФ.ДР.МАРИЈА ЗАРЕЗАНКОВА-ПОТЕВСКА: Црна се чума зададе над жална Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

`Таква е македонската судбина, опеана во песните на напатениот народ. И денес во 21 –от век, глупавите,алчни,површни ткн.` политичари` кои  сакаат да се `елита`  а не се` тоа ниту некогаш ќе бидат зашто  се незнајковци и плитки во мозоците,  а немаат  ниту  знаења и капацитет на чесни,хумани  и образовани граѓани да ја водат државата Македонија! Затоа се фатиле како `слеп за стап`,што би рекол народот за ЕУ и НАТО како да  ќе им тече од утре `мед и млеко` кога некогаш ќе се `смилуваат` да бидат примени во нивните редови !? Под кои услови!? Да си останеме без свое минато,без своја култура.историја,понижени граѓани без име и презиме, без свој идентитет, без свое достоинство,  само да им се додвориме на оние кои не` уништуваат,кои сакаат да не` нема како народ и држава!!! Зад сите условувања сите овие изминати години , несомнено е дека стојат некои ` задни`скриени и негативни  намери, некои мрачни сценарија, за кои стојат одредени служби и тајни групи и влади, а наивните, алчни но и компромитирани  македонски политичари,се фатија `како давеник за сламка` и прифаќаат  се` како од уценувачите од надвор така и од  внатре!! Зошто досега не` залажува ЕУ со членство, а сега уценува!? Европските политичари се многу вешти во тоа! Во минатото 100 годишната војна на Франција и Англија се водела но не се нашло вака лошо решение  како сегашново со Хеленската Република и Македонија!  Но, штом се лелека по ЕУ и НАТО ,како да се неминовни за нашето живеење, се разбира дека `се живо и диво` ќе не` уценува,понижува, назадува, ќе ни нанесува болки во душата и телото!

Зошто `благонадежните` ЕУ и воинствениот сојуз НАТО си игра со Македонија скоро 30 години!? Дали сегашниве избраници на народот  не ги сваќаат нивните игри без граници и уцени по цена да се изгуби државата и македонскиот народ да се избрише од Земјината топка!? Најверојатно не, а ако ги сваќаат тогаш се големи опортунисти и конформисти, а  за алчноста и корумпираноста нивна  и да не се зборува, се подразбира! Тоа низ вековите биле предавниците на народот и тие секогаш се казнувани!`

Сите овие изминати години на самостојна Македонска држава,ткн.`пријатели` и ` стратешки партнери` системски ја ништат земјава, со непризнавање на мислењата на Бадинтер,па непризнавање на земјава,прием на РМ во ООН, па Рамковен,па лажно признавање, па територијална поделба, па поништување на успешниот референдум за територијалната поделба,и се до крајната цел ништење на државата, нејзина федерализација и конечен крај преку уцени за членство во ЕУ и НАТО но со сменето име, значи членство на друга држава!!!

Но, очигледно  е дека ЕУ и НАТО ќе останат само пуста желба  на поединци, а проектот за бришење на македонскиот народ и држава од Земјината топка и  во ООН  се реализира,  со помош  на домашните избраници-предавници, без почитување на волјата на народот изразена на одржаниот референдум на 30 септември 2018 ,  а секако и на оној од 8 септември 1991. Сите овие маневри очигледно е дека се направени за задоволување на туѓи интереси, а меѓу кои е и  создавањето на голема Албанија !

После срамното гласање за непосторење на македонската држава и народ, на 11 јануари 2019 година, благодарејќи на недоветните ткн `политичари` и `државници` вклучувајќи ги и големоалбанските апетити на најголемото  малцинство, Република Македонија, сама се укина!? Срамно,понижувачко, болно,тажно  и крајно неморално!

Какви мрачни сили ги водеа одбраните од народот да гласаат за свое самоукинување и уништување на својот народ и држава!!? Секако нивните валкани мината,нивните нечисти дејанија и совест,па се уценети од умислениот месие дека тој ќе ја одведе земјава во подобар живот! А тој за да се додвори до своите наредбодатели мудрува ли мудрува! Погани ли погани!

Еј ти македонски народе во чии раце падна!?  Дали вие што седите конфорно во своите седишта во Собранието, помисливте на вашите и наши деца, на идните поколенија, но и на паднатите борци за слободна Македонија!? Жална ли е оваа наша земја без достоинствени водачи и патриоти,само предавници и изроди на македонскиот род!

Но Македонецот е како феникс, мек, наивен, скромен но издржлив! Ќе издржи тој многу, но ќе се дигне од ова дно во кое не` втрурнаа неспособните, но алчни за власт и пари,па си презедоа должности да ја водат државата, но кутрите се исплашија и се испоганија врз историјата ,културата ,традицијата и иднината!

Но,главите горе, не смееме да потклекнеме! Меѓународните судови не се како македонскиве со исплашени судии и вообразени тужители! Во тие судови се применува правото во вистинска смисла! Затоа, храбро напред во освојување на изгубеното! Но, со вистински патриоти и учени лиѓе, не со провинциски, малограѓански и малодушни и алчни макијавелисти и опортунисти!!! А за предавниците се знае ќе им пресудат нивните гнасни дела! За срамота и жал!!! Но, народот не простува!!!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This