КОЛУМНА НА СЛОБОДАН ТОМИЌ: Изгубени во времето и просторот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Големиот Аристотел, учител на македонскиот крал Александар третти македонски ќе му се обрати:..„не земајми го онаа , што не можеш да ми го дадеш..!“

Така е и со нас Македонците и нашата македонска судбина и самоуништување…

Тоа што го имаме како биолошки код ,или како едентитет, не може никој да ни го трампа за што и да биде ,а не е свето и исконско, како што се основните белези на самоспознавање, само идентификување.

Обично се раководам , а и сите вие треба истото да го сторите.Бегајте од таму каде што не сте подобни или пожелни..

Одите таму каде што ве покануваат, и не ве уценуваат.Само така ќе успеете да си го задржите и зачувате идентитетот и достоинството..

Достоинство, што беше тоа? Ова би требало да му се постави на секој македонски политичар од памти века до ден денеска..!

Зошто? Едноставно,а тоа е дека достоинството, не е кондура ,или некаква си друга руба.Ќе ја износиш и ќе ја фрлишили ќе ја користиш додека ти е потребна.

Каде е достоинството, моралот и етиката кај македонскиот политички врв кој по секоја цена е готов да го избрише за една секунда идентитетот, јазикот, културата историјата на македонскиот народ?

Кој им дава за право на „политикантите“ кои ветуваат,,живот,, за сите нас, да го раскрчмат и распроддадат сето она што се вика божји код или божјо дело?

Зошто страв од сапоспознавање? Зошто несигурност во потврдените факти и гени-македонски?

Стравот од тоа да се биде себеси ослабнува паралелно со себеспознанието и правилното разбирање и доживување на себеси.
Постепеното надминување на ваквите стравови е единствениот излез од ваквата состојба.
Целосното прифаќање на себеси е најважниот предуслов за исполнување во очите на самите нас.

Кога некој не те почитува, не те третира дека си вистина, факт, и идентитет, зошто и натаму му пркосиш на сопственото постоење? Чуму од таква сервилност..?

Желботеки..или самоуништувања? Од каде мандат за таков канабализам? Но, да бидеме на чисто јасни веќе го имаме слушнато лично од ,,спасителот,, кој беше црпнат од нивата македонска за спас на Македонецот дека носи такво чувство и хабитас. Дали воопшто се прашува истиот двоец Заев –Димитров дека вака не одат работите? Не може и натаму да се лаже сопствениот народ! Не може никој кој и да е да шверцува со светите белези на Македонија и македонскиот народ!

Секому му е јасно дека на нашиот јужен сосед , јасно му е како ден дека нема ништо од македонизмот. Ниту „М“, од Македонија, и Македонизмот! „Егејска Македонија“ во Грција е само географски поим, ништо повеќе…Тогаш, зошто ваква шизофренија..?

Исто така и Едноставо и јасно и гласно се објаснува овој факт, а тоа е до 1988 година во Грција ниту „М“ не смееше да се изговири, а камоли Македонија и Македонец, веднаш се одеше во мренда!

Но, бизнисот си го направи своето..Секој ја сака античка Македонија, особено Грција како туристичка атракција и како туристичка дестинација, а богами и како страв со кое се чува ,,лозјето,,!

„Лозјето““ македонско беше пеплосано, 1948 со прогонот на милион Македонци кои на најсвиреп начин беше откинат, од грутката земја, но корените останаа ден денеска ..!

Оваа е стравот и вистината зошто Не! Македонија и македонски идентитет!

Каде се чуло и видело со таканаречени Спогодби да се ретушираат фактите и ДНК на еден народ кој има свој контуниутет.

Самиот професор, Никос Косијас многу добро знае каде доаѓа, и на која почва ќе чекори..

Самиот вели дека е Македонец, арно тоа е добро но, зошто се страми да потврди дека е Македонец како и ние..?

Секој поскаува во своето досие и лична карта да го има македонскиот идентитет .Тоа е привилегија…

Но, сепак треба да се заслужи таа привилегија, а тоа е да се живее како Македонец, да се однесува како Македонец…и да почитува како Македонец..!

Инфанилоста од непризнавање и непочитување на фактите оди до таму што и самите 137 држави кои ја признале Република Македонија под уставното име јасно им е како ден дека разликуваат што е Грција ,а што е Македонија..Две различни збора,или именки на држави..!

Едостваното секогаш се создава кофузија, и страв,од неуспех, кога пред нив стојат овие силни адути!

Германсскиот амабасадор во Македонија Ханс Лотар Штепан, јасно и гласно порача во неговиот труд „Македонскиот јазол“, дека ние не можеме ништо другио да бидеме освен тоа што сме,а тоа е Македонци..!

Еве денес токму на денот на пролета, посеттата на Никос Козијас на Република Македонија поминува во револт и смрзнатост..И времето се лути и не се радува за неговата посета која беше условена од секаков аспект..Промена на имиња, на аеродроми, автопаштишта, и што не..!

Едиот аеродром Александар Велики , неговите домаќини го преименуваа во Меѓународен аеродром Скопје, впрочем како што не ословуваат ден денеска нашите јужни соседи (скопјани).

Но,доколку би посакале и охридскиот аеродром Св. Апопстол Павле да го смениме во Охридско езеро,или Аксиос,оти Апсотол Павле се спомнува во Светото Писмо (16:9) кога Македонецот го повикува во Македонија да ја спаси .Двоецот Заев-Димитров тоа веднаш ќе го исполнат затоа ви се молам немојте да им ги „опуљиме очите и ушите’,оти овие ,,експерти и миротворци, и тоа ќе го сторат.

Овој двоец на авантури и харикири, простете ,,камикази, што впрочем „како што самите се преставуваат и ги доживуваат нивните пријатели“, би можеле да конкурираат и за гинисовите рекорди на глупоста и велепредавстава.

Следејќи го лексиконот, Велепредавство е дело кое се смета за страшно предавничко и неверно кон сопствената земја или владетел. Најдобри примери се учество во војна против својата земја, обид за рушење на владата и обид за убиство на владетелот. За ова злодело речиси секогаш се изрекувала смртна казна, која се изведувала јавно.

Историски, во Англија се правело разлика помеѓу велепредавство и ситно предавство, кое е обид за убиство на законски претпоставено лице (како слуга кој убива господар). Ова се сметало за посериозен степен на убиство. Меѓутоа, денеска терминот „предавство“ обично се изедначува со „велепредавство“. Во некои земји законот не прави разлика помеѓу нив — на пример, Уставот на САД го дефинира предавството како нешто што историски би се нарекло велепредавство. Се на се , од ова дефиниција за чинот велепредавство зошто во Македонија нема никакво значение ,туку, секојдневна активност или Закон?

Ќе го покани ли некој или можеби двецот Заев –Димитров својот грчки пријател и имењак,. Никос Козијас на кафе муабет на плоштадот Македонија ,за едно да се вооудуешевуваат од прекрасниот монумент на Александар македонски и неговиот коњ Букефал со сите атрибути, дека местото му е таму каде што се вика „епицентарот на македонската синергија“,како што ќе кеже и македонецот Георги Филев: „..секое добро треба да се започне на плоштадот Македонија, токму во епицентарот кај воинот на коњ или монументот на Александар…!“

Впрочем и Нимиц, не ја испушти оваа глетка кога и да ја посети Република Македонија,бидејќи и тој е голем вљубеник на човекот кој спопјуваше и обидинуваше,светот , а тоа е Александар Македонски..

Ќе повторам Александар Македонски не е нечија своина и екслузивност..

Тој е космополит и припаѓа на светот и на сите кои имаат планетарни видувања кон светот и човештвото..

Секоја друга таканаречена спогодба на разграничување и бришење или ретуширање на фактите престваува изгубеност во времото и просторот!

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This