КОЛУМНА НА СЛОБОДАН ТОМИЌ: Само Македонија обединува!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога детето ќе се роди кумот му дава име. Тоа име, како Божјо сведоштво, не се менува, тоа име се носи целиот живот, по тоа име те знаат и те паметат и дома и во светот и во регистарот на живите и во диптихот на умрените…

Името е коренот на постоењето, името е твојата вистина, името е твојата ДНК код пред Господа, името е твојот идентитет, името е твојата крвна група. Се’ можеш да смениш, ама името НЕ! Името е траен белег кој се втиснува во потсвеста и во универзумот!

Македонија се спомнува повеќе од 32 пати во Библијата, врз која ем Ципрас, ем Коѕиас се колнат пред Бога!

И Мадридскиот институт и Швајцарската Игенеа при ДНК истражувањата недвосмислено рекоа дека низ вените на денешните Македонци тече иста крв веќе неколку илјади години.

Тогаш зошто анимозитетот дека Македонците ги нема, дека тие се се’ само Македонци не’!

Дали треба да не’ (с)нема заради страста за власт и сласта за моќ и пари на врховисти и колаборационисти, одродени и продадени кои владеат заради туѓи и други интереси за Македонија и за Македонците?

Велат, само со сила некому може да му земиш, ама не и да му дадиш. Е токму нам, Македонците, ново име и идентитет никој не може со сила да ни даде!

Ќе останеме тоа што сме, како Божја промисла запишани во Светата книга Библијата!

Ќе останеме Македонци од дедо Ное до денес, како што западната наука веќе потврдила!

Едноставно нема сила што ќе ги смени нашето име, нашиот јазик, нашата ДНК Божја порака: Ова е Македонија, ние сме Македонци, нашиот јазик е Македонскиот!

И секому Божјото… На одродниците и предавниците пеколот, на Македонците рајот, како Божјо дарение и завештание!

Затоа, тргнете ги рацете од Македонија, ќе гори Балканот, ќе изгори цела Европа!

И никогаш не заборавајте: САМО МАКЕДОНИЈА Е БОЖЈИОТ КОД КОЈ УНИВЕРЗУМОТ МОЖЕ ДА ГО ОБЕДИНИ И ГО ОБЕДИНУВА!

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This