April 24, 2024, 10:09 am

КОЛУМНА НА СЛОБОДАН ТОМИЌ: Стокхломски синдpом..!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Народната вели: по смртта болест, а по свадба тапани… Така и оваа расправа,една година по референдумот.што потоа? Народот вели настан кој ја запечати иднината на Македонија и Македонците: Историјата за нас ќе биде пред триесетти септември 2018 и по триесетти септември 2018 година, пред новата и по новата политичка историја на државата Македонија.

Отсекогаш сум бил со позитивна енергија кога станува збор за мојата и нашата Македонија, која врховистите и колаборационистите ја именуваат како “Северна Македонија“.

Денес треба мудрост во одговорот: Што после една година од референдумот и велепредавството на пратениците и Владата, иако за Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во Републиката и во светот, ова биле, е и ќе остане, Македонија, ние Македонци, а нашиот јазик Македонски!

Зарем прифатливо е денес некој да те нарекува Асан или Алексис, а ти си Александар!?

Сето ова ме потсетува на 10 август 2013 година, како основположник на интерактивната програма со народот позната како “Гласот на народот“. Предлагав, на 100 годишнината од Букурешкиот договор, обединети и единствени, да упатиме проглас до светот против окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ!

Затоа и максимата: Со сите разлики меѓу нас Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во Републиката и светот, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател. Со Македонија постоиме, без Македонија сите заедно ќе исчезнеме!“

Наместо Македонија, како мајка на светот, марионетската Влада го пикна раздорот меѓу нас Македонците за да не нема.

На 30 септември 2018 година Македонците со масовен бојкот на референдумот и неизлезеност на гласањето, ги одбранија суверенитетот и името и пред целиот свет потврдија дека не се за членство на државата Македонија во ЕУ и НАТО и ја отфрлаат Спогодбата Димитров-Коѕиас за промена на името на државата и идентитетот на нацијата. За жал, Владата и пратениците ја суспендираа слободно изразената волја на Македонскиот народ, го суспендира неговото неотуѓиво и неотстапно универзално право на самоопределување и самоидентификација и извршија велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото кое не застарува!

На Македонците им се случи преседан во светската историја на народите и државите. Владата капитулира и со Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година прифати ревизија на македонската историја по барање на Софија и Атина.

За жал, со Договорот Заев-Борисов од и Спогодбата Димитров-Коѕиас, државата Македонија се проектира во територија безимен народ и без своја историја. А, незалудно е кажано, народ без историја и без корен нема иднина. Практично, Договорот Заев-Борисов и Спогодбата Димитров-Коѕиас го санкционира Букурешкиот договор од 10 август 1913 година – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ.

Ни Господ Бог нема да го прифати ова злосторство против македонскиот народ. Но, нам ни остануваат товарот и борбата да ги вратиме државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

Владата плукна на одлуките на 145 држави во светот кои веќе не признаа под името Македонија! Македонскиот народ не ја прифаќа капитулацијата и никогаш нема да го прости велепредавството на државата и нацијата!

Да бидам искрен и јасно разбран, не ширам дедфетизам, анти-европска или анти-нато кампања. Не, напротив, Македонија треба и ќе биде дел од евроатланските институции, но со достоинство, не со патерици. скршен рбет.

Македонија е држава која заедно со нејзиниот Македонски народ ја спаси светската култура, историја и безбедност и ден денес. Македонците помагале и спасиле цивилизации. Царот Александар Трети Македонски засекогаш ќе остане Македонец од Македонија, на Македонците им се обраќал на Македонски, за Елините користел преведувач, денешните Грци во негово време не постоеле. Тоа цел свет го знае, таа вистина не се ретушира.

Многумина и на 8 септември 1991 година, кога Македонскиот народ во апсолутно мнозинство на референдумот гласаше “За суверена и самостојна држава Македонија“, без додавки и без придавки, во времето на дисолуцијата на поранешна СФР Југославија, со тело беа во Македонија, но со душа во Србија, Бугарија, Грција и Албанија.

Грчките медиуми и ден денес шпекулираат дека името и идентитетот се продадени за 30 милијарди евра. Исто, како што покојниот Киро Глигоров во своите мемоари го обвини тогашниот министер Љубомир Фрчковски за милионите кои во кабинетот му ги нудел од Грилакис.

Не сакам да поверувам во индолентноста и молкот на народот, дека нацијата е во фаза на стокхолмскиот синдром, кога киднапираната на крајот се вљубила во киднаперот и среќно си живееле.

Што после ова велепредавство добивме денес? Ништо освен ќорило и слепило. Осакатени до дно, со паднат морал и дигнитет! Невиден криминал, корупција, афери, енормно богатење на поединци, сиромаштија и емиграција… Очај до пандемски размери.

Повторно ќе ги спомнам садомазохистичките навивачи, од која и да е страна, кои уживаат во сопствената болка и покрај грешките што ги прават, избирајќи погрешни политичари со криминогени педигреа и апетити…

Да биде резилот уште поголем и покрај мега-скандалот со СЈО и Боки Тредичи, кој Владата очигледно го турка под тепих за спас на самата себеси од злосторничко здружување, Германија ни нуди зелено светло за почеток на пристапните разговори со ЕУ, ни го нуди стапот и морковот. Затоа што евидентно е дека СЈО беше наместо да се бори против криминал, прерасна во злосторничко здружение за организиран криминал и висока корупција, со рекетарство и уцени да обезбеди парламентарно мнозинство за промената на името на државата и идентитетот на нацијата.

Бидејќи сум секогаш со народот,а и овој пат ќе го спонам неговото височество народот, кој знае во последно време да живее со,,столкхомскиот синдром“ без да води грижа како тоа ќе им се одрази на сопствените деца, внуци и генерации кои ќе престојат?!

Кога Македонија требаше да стане членка на НАТО и ЕУ?

Свежи ми се сеќавањата кога дамнешната 1996 во Вашингтон кога ги следев претседателските избори и трката Бил Клинтон и Боб Дол, кога првиот човек на Демократскиот совет,или јадрото на Демократите Нордингер јасно ни кажал еден невиден скандал, преседан или како да го наречам трагедија за денешни прилики, ,,корпата,, на покојниот претседател Киро Глигоров дадена на тогашната Влада на Клинтон ,односно одбивањето да го поддржиме проектот ,.Поместување на Јужното крило на НАТО за 120 км северно од Солун,а тоа беше Криволаг,или да го дадеме овој познат тренинг центар на Алијансата за една милијадра долараи и безусловно зачленување во НАТО, со што Македонија ќе станеше нова база на НАТО,а со тоа ќе се релаксираше и воениот буџет на Алијансата за 7 милијарди долари кои итака одат како рента на грчкото конто во тоа време..Се поставува и прашањето дали ќе се случеше ,,фингирајктата 2001? Рамковен договор и така натаму?!

Но, тоа е што е..!

Кога сме кај проектите и прашањетоЧ Кога Македонија требаше да стане целосна членка на НАТО и ЕУ,секако по овој скандал што ни го смести починатиот претседател и неговата тајфа 1995 година и кој владееше со Македонија ,и од кого да се побара одговорност за не зачленувањето во мешународните институции НАТО и ЕУ, да се потсетиме:

1. 1. 1. Косовската криза и коридорот за 500.000 бегалци, нивно сместување, згрижување и испраќање во други земји на ЕУ..Дали требаше тогаш НАТО и ЕУ да дадат зелено светло за целосно членство без никаков услов ,односно шолитичка одлука како што ја добиле Бугарија и Романија со ракетниот штит?

2. Потоа 2. Единствениот договор во светската историја за малцинствата познат како „Рамковен додовор“! Дали и со тој проект требаше да станеме членка на овие два клуба..?

3. Третто, Проектот „ територијална поделба или кажано по благо Територијална организација на Македонија..Дали и со овој проект го добивме заслуќното?

4. Натаму,а во тренд на светските збидувања се случи Мигранската криза.Преку еден милион мигранти крстарее низ териториите на Македонија, а тогашната влада усшпеа да се справи со тие опасни предизвици по цена да ја загрози стабилноста и безбенноста на Македонија/Ќе потсетам територијалната поделба се случила 2004 ,додека мигранската криза 2015, и на крајот повторно ултраекслузивниот проект Преспански договор“ кој ја смени или народно кажано македонската вистина ,историја ,идентитет и слично.Да потсетиме според јавното мислење и грчки и европски медиуми, со потпишувањето на Преспанскиот документ, нашите јужни соседи инкасираа истиот ден 160 милијарид евра како последтна транша од Договорот за поддршка на јавниот долг на Грција од страна на ЕУ, додека нашата Македонија еден компир или Нула денари..како поддршка или кажано морков.Нам и натаму ни остана стапот на сопствениот грб.

Време е да е за чесна држава, со чесни плитичари, кои ќе ја продолжат својата кампања за вистинска Македонија без никакви предрасуди, стереотипи и криминали.

Ви благодарам на вниманието.

Пишува: м-р Слободан ТомиЌ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This