March 29, 2024, 12:04 am

КОЛУМНА НА СОТИР КОСТОВ: Пизди 100%

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова е репринт на мојата колумна во свест.мк од 11 јули 2018г. За да сфатите зошто ја репринтирам, најпрвин треба да ја прочитате колумната насловена “Како што ја предадовте Катица, така ќе го предадете и Заев, лицемери бедни!“, напишана од Бранко  Героски. Засега толку. Чекам да се јави уште една птичка, во врска со аферата “Рекет“,  да се затвори кругот(што би рекол Милчо Манчевски) и потоа, мојата маленкост, ќе се обиде да ја објасни, од каде доаѓа, зошто дојде и што всушност значи денешната состојба –  “Империјата го возвраќа ударот“ – во која сме западнати.

За само десет дена една најгрда работа и две тажни, многу тажни случки ја задесија Македонија. Премиерот, Зоран Заев со најгрд и најзлочест говор на омраза во Собранието на РМ на пратеникот Крсте Јовановски му се обрати со зборовите “Ти си коцкар, јас ти давав пари да се коцкаш“, а на останатите пратеници на ВМРО ДПМНЕ, позади кои стојат околу 450,000 гласачи им се обрати со зборовите “А вие можете да пукнете што не го решивте ова прашање….“. И тука се потсетувам на таканаречи госпоѓата која колнеше ‘’Да ви се случи Куманово’’. Е, па ете ти го Куманово на струмички начин. – Премиер, лихвар со говор на омраза пар екселанс. Тоа ти е Зоран Заев. Тој со говор на омраза, а сите молчат. Бебе од 14 месеци е претепано и се бори за живот во болница. Сторителот или сторителите на нехуманото кривично дело сé уште непознати за полицијата и пошироката јавност. 27 годишен комита, Никола Саздовски – Саздо, најпрвин крвнички, ѕверски и на подмолен начин претепан од тројца сторители – aлбанци, потоа хоспитализиран и на крајот подлегнува на нанесените тешки телесни повреди. За сите три случаи молк, безмалку никој не реагира, никој не предупредува дека Премиер спроведува говор на омраза во Собранието, никој не алармира за ѕверски претепано 14 месечно дете, а убиството на младиот комита се третира како насилничко однесување, а не лишување на живот на свиреп или подмолен начин. Говор на омраза, нехумано претепано бебе и изгубен млад живот. Познатите македонски моралисти, борци за слобода, демократија, мир и правда никаде ги нема. Молчат, ли молчат. Quo vadis Македонијо? Овие прозваните не знаеш дали се сокриле во глувчешка дупка, или пак уживаат во удобните ново спечалени фотелји на власта. Обдусменот најверојатно е на одмор. Уранија Пировска небаре го распуштила Хелсиншки комитет, ЦИВИЛ ужива во благодетите на ЛЏБТ заедницата и чиниш се му е равно од овде до Косово поле, Ордановци и Борјановци вампиреле во хорор-режисери, а Геровци, Тричковци, Ризаовци и Кабрамовци, кој како. Едниот ужива во слободниот северен капитал, другиот се дави во морбидноста на својот измет, третиот после комунизмот и демократијата конечно е независен, ама со грчки капитал, а четвртиот прави телевизија на едноумието и си го валка капиталот стекнат од А1. Сви ником, поникоше. А беа прекалени борци, јунак до јунак. И бидејќи ме стигна проклетството од Заев, значи дефинитивно пукнав и некако одеднаш во Македонија гледам многу пизди и тоа 100% пизди. Должен сум на пучанството да ја објаснам оваа моја перцепција. Најпрви поимовно.

Пизда е арбаџиски, шоферски, војнички, кафеански, хулигански, уличен, чаршиски, боемски, простачки, примитивен, неизделкан, безобразен, дрзок, силеџиски, но совршено евокативен назив за една сосема особена, препознатлива варијанта или, поточно за еден срамен и притоа наполно бесрамен сој на homo sapiens sapiens. И веднаш да се разбереме: во случајов, пизда не е полов орган, тоа е карактерна особина, која загрижувачки многу е проширена и присутна во политиката, во медиумите и граѓанскиот сектор. Има голем спектар на особини позајмени од гнидите, мекотелите, влечуги и од зелените смрдливки. Чиниш е лебарка што сака да летне. А сепак е обична срамна вошка која сака исто така да се претстави како интелектуалец, ама не може никако да го достигне тоа ниво. Најголемиот дострел и е ниво на интелектуален сламка-куре и морален лешник-маде. Тоа и такво куре и маде, при секоја промена на режимот, прв, уште во рани зори, од сувата дреновина на својот талент, од расипаните тенки конзерви на својата елоквенција исцедува по едно капкиче полтронство, небаре bon jour триперозно капкиче како знак на својата одушевеност од новите прилики. Тоа е неговата објава urbi et orbi (јавно, сега и тука) дека тој, не само отсега туку и во времето на бившиот режим, бил за овој новиот, но се притајувал!? Оваа болвосерка, оваа гнида, не само што самата паѓа во без сознание, во амнезија, во афазија во однос на фактите, туку сака да ги напика и другите во истата амнезија, за да не се сетат кој/а бил/а, што бил/а во претходниот режим. Се со цел да не се сетат дека тој/таа кодошел/а, лаел/а и труел/а се околу него/неа.

Напати ваквата пизда се пројавува и како бесен пес, кој редовно, без мера и со уште помалку милост, блуе најотровни бленди од најгибилни отрови, каса и ржи со своите лиги редовно ги погани само и исклучиво опозиционите политички опции за сметка на власта, што ја милува, раздразнува, еротички ја гали, ја оближува со водени, одвратни бакнежи, ја лиже, ја алка и ја ашка. Море знае и да се пика под јорган, еве како овие 10тина дена, бивајќи слепа при очи, глува при уши, и ја глорифицира власта, бранејќи ја, кога таа најмалку го заслужува тоа. И тоа на бесрамен твитерашки начин и поданички блогерски стил. Тука доаѓаме до пројавувањето на пиздата како праматар. Овој квалификатив го заслужува со идеолошките му флоскули навеани од модата на денот и од маркантилната конјуктура на синекурите. Тој нив ги обоготворува небаре на нив има право, како што си замислува дека е патриот. Тој и бил патриот, на најмалку две-три држави и цела една дузина разузнавачки служби. Затоа се смета и интелектуалец. Добро, интелектуалец од оној вид интелектуалци кои прочитале помалку книги отколку што самите напишале. Во најдобар случај една, а во најлош ниту една. Се работи за пизда која се кити со многу идеи. Ама и пизда која истите тие идеи ги отфрла за дел од секундата. Отфрлањето разбира се, проследено и изведено е со грандиозна логореа.

Тука пиздата од типот на Тричковистите нема конкуренција. Таа со една колосална поплава, изблуена со топол тремолиран бас-баритон со сите нужни паузи за да се потцрта дека главно, морето е мокро, а небото сино и само сино. Кога пак безрбетни твитерџии и лигавици од блогери, бескрупулозно одработуваат за власта, негирајќи апла убиство на младо момче, тие се групировка на пизди кои ги красат нивните одвратно патетични реторички фигури и целата апаратура на идиотскиот политички јазик. Во нивните бесрамни блогови и нехумани твитови, тие преку актерски ефекти на дикцијата, флексијата и со подигнат показалец, кој истовремено се заканува, повикувајќи на некој идиотски, провинциски смрдлив и парохиски тесноград, прават срамен обид за минимизирање и оправдување на убиство. Сиромашките, бездарници се и не знаат дека тоа е свиреп и подмолен против правен чин, со кој се одзема највисоката вредност – животот, и не може ниту да се минимизира ниту да се сокрие. И сега како најдобро ги препознаваме припадниците на овој сој? Па тоа е нивниот повик на лажна и срамна сериозност и злонамерната констатација дека Нешковски бил убиен, а младиот комита Никола Саздовски – Саздо не бил убиен. Исто како да извикуваат Eviva la muerte! (Да живее смртта!). Тоа ти е, такво нешто можат да изустат и напишат само неталентирани буфони, бездарни палјачовци и ограничени кловнови. Полоши од нив се само омнифагусите, кои се во состојба да ги преживеат сите ситуации и сите амбиенти, освен амбиентот на титулите, сеедно дали се научни или политички. За политичките видовме дека се алчни до само прејадување, до автофагија, дури и во ситуација кога пред само 5 минути го смениле името на својата држава и татковина – Република Македонија. Научните пак пизди, особено академските во последно време често паѓаат во паника дури и во лимбо состојба, како резултат на накисело засмрдената плацента на катедарските титули или државните ордени. Го гледам тоа гревче од Претседател на МАНУ и се чудам на неговата безмерна глупост, математички чиста плиткост и скандалозна неукост, како само повторува дека нема што да каже, нема што да каже, нема што да каже, а заборава дека претходно, јавно, јасно, концизно и гласно кажа дека промената на името Република Македонија е и промена на македонскиот идентитет. Е сега после влечењето за уши, и предочувањето на некои од последиците од бомбите за него, реченото не важи, па промената на името е компромис кој сме морале да го направиме, а притоа ништо не сме изгубиле од идентитетот. Што да кажеш бре народе за ваков човек? Без својата професорска титула и титула Претседател на МАНУ тој е како смрдена риба на суво, која и мачките ја одбегнуваат при полна месечина. Тука е и оној другиот академик, кој милува да формулира кривични дела за тероризам кои никој не може да ги дефинира и одгатне и се контрадикторни до апсурд, што полицијата и обвинителството прогонуваат уметници и пратеници и бесрамно ги прикажуваат како наводни терористи. Овој подобен политичар од комунизмот, а компетентен политичар и правник–кривичар од демократијата, од своите титули го црпи своето, демек, интелектуално самочувство, својата мудрост, со која нема да пропушти да ве предупреди дека, ако седите испотени на провев, ќе настините, се со цел да ви продаде урда за бурек со сирење, зашто од некаде е убеден дека сите се како него, дека сите се хохштаплери и дека на сите им треба неговата урда, која ќе ја искрчмат како сирење.

Тука, драги мои, доаѓаме до најопасниот подвид на овој сој, кој го облазува општеството ширејќи една чумава зараза на својот интимен, оближувачко автоеретички, мастурбантски, онанистички поглед на светот, лишен од сите подобри морални обичаи, кастриран од какво-годе етичко чувство, нагрден и дефинитивно обезглавен однос кон секоја вистина, правда и убавина. И добро од каде сега знаете дека мислам на Фрчковистичките пизди? Не е докажано. Добро, можеме да кажеме дека се работи за лигав полжав, чија куќичка е изградена од титули на кредит, ја крстосува земјата, оставајќи ги небаре автоматски, лигите на овој свој поглед на светот, и ширејќи ја контаминацијата полека, но сигурно. И нема да ми верувате: го пишувам есејот, а на тв Алфа прилог за Фрчковски што зборувал 2010 година, за тоа како ВМРО ДПМНЕ треба да го брани македонскиот идентитет и се што е македонско, во преговорите со Грција, а тој денес на дело не продава на Албанци, Грци и нему милата меџународната. Во случајов Цацко не ни е крив. Криви се Доста и Кабрамов. Добро, Доста почина, се најдобро за починатите, ама Кабрамов е жив и здрав, нека се одважи и нека и ја каже на јавноста операцијата – спасување на Фрчковски од ќорка. Може тоа да го направи и на неговата телевизија. Ние ќе мислиме дека тој ни прави уреднички брифинг, а тој ќе знае дека тоа е задоцнето покајничко зборување на вистината. Така средината ќе почне да го обожава, ќе го прогласи за општествена парадигма, зашто и самата се преправа дека и она малку што го знае, не го знае. Драги мои, сé се тоа авторитарни пизди, кои бегајќи од својата нечиста совест се прикажуваат како пизди – демократи од 24 карати. Нивните метаморфози се одвиваат на јавна сцена и се огласени urbi et orbi (насекаде) како врвни примери за демократизација на македонското општество. По нашки речено, митарење пар екселанс. Тие сите живеат во некаков лимбус како гуски во магла. Квазикомунизам. Квазидемократија. Квазилуѓе….

И така, благопријатните средини за овие гадинки се однесуваат кон нив аристократски лежерно. Пак по нашки, како мајмун кон сопствените вошки, додека деликатно се пошти од нив. Ползувајќи се од овој парохиски интелектуално рудиментиран однос кон нив, овие spiroheta palida (бацили на сифилисот) што се препелкаат во топлите бањи на нехигиенските бордели на сеопштиот морален, интелектуален и политички промискуитет навлегуваат напредувајќи во сите свои луетички фази. Тука некаде, при крајот, доаѓаме до пиздата која личи на злокобна темно маслинесто обоена мува наплувка, која во себе ги сублимира сите владини и невладини ПР монструми, спинери-извртувачи на реалноста и вистината. Нивното брмчење на прес конференциите на Владата, на полицијата, во твитовите и во блоговите, на социјалните мрежи, веќе стана сеопшта метафора за блиското присуство на несмасно потоморен кадавер во распаѓање, кој ги распостила своите интелектуални помии од самите зори на цивилизациите до денес. Оваа мува наплувка е посилна дури и од смртта. Овој монструозен, лабораториски мутант, произлезен од општиот научен мамурлок од некоја несмасно замиена епрувета, што потсмрдува на комова ракија, може од своите редови да излиферува и по некој бесмртник, миропомазен од поткупливата историја која, според неговиот поглед на свет, треба најмногу од се да милува да биде слепа, небаре се работи за Iustitia која арбитрирано пресудува удирајќи место со чекан по масата, со сатар по ќутукот не само на грешното минато за сметка на, небаре, безгрешната сегашност, туку и за сметка на светлата иднина. Тука доаѓаме до милите ни Заев и Димитров кои се три во едно: одродници, предатели и шиткачи на мајката ни Македонија. За нив почесното име Јуда 1 и Јуда 2. Врвна одлика на Јуда 1 е моралниот кретенизам, а крајниот домет на Јуда 2, разбира се, интелектуалната тапост со шарм. Тоа ти е своерачно создаден пекол, мејд фром македонските интелектуални крокодили. А Шекспир за сите нив преку Хамлет ни соопштува дека нема излез за бесплодниот ум. Толку. За мојата перцепција, дека ги нема ‘’големите’’ борци за демократија, слобода, мир и правда, а имаме наплив на најразноразни офуцани пизди, како соодветна метафора за недостатоците во нечии карактери, за ерозијата на вредносниот систем на личноста и изопаченоста на менталитетот – мој, твој, негов, наш, ваш, нивни.

Сотир Костов

П.С.

Во случај некоја пизда премногу да се возбуди и да се обиде да ми импутира навреда или недај боже говор на омраза, појаснувам дека за основа на овој мој есеј е земана книгата ‘’Речник на предрасуди’’, и под буквата ‘’П’’, поимот ‘’пизда’’, од Љубиша Георгиевски, Матица македонска, 2001, Скопје. Секоја сличност со реалноста во Македонија е случајна

11 јули 2018г

ППС

Почитуван професоре Љ. Георгиевски! Знам дека од небесата загрижено гледаш и посакуваш Твојата и Нашата Република Македонија да ПОБЕДИ. Биди спокоен и мирна ти душа. Победата на Македонија е НЕМИНОВНОСТ.

18 јули 2019г.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This