КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Балканска пролет!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

stevco_naslovnaШто ви рековме? Катица Јанева е обвинител втора лига југ. На пресови говоревме дека е срам за правната фела, и таа и нејзиното таканаречено специјално обвинителство. Што би рекол народот „што не се прчело, не се кози“. Квази-институција формирана со фабричка маана, спротивно на Устав и закон за судство, а на тоа кога ќе се надоврзе кадарот кој го има ништо разумно не може следи. Разултатот е очекуван.

Оваа недела си ја започна изборната кампања како шеф на изборниот штаб на СДСМ. Очигледно и се брза, времето за кампања и тече, ама засега губи со 4-0. Најпрвин, истрагата за Миле Јанакиевски и министерката Канчевска-Милевска беше дупло голо. Потоа влезот во УБК тоално фијаско, и на крајот Зврлевски со неговите колеги ја дотепаа. Кутрата, во што и е душата? Просто да ја жалиш.

Без трунка срам и перде, а изгледа толку и знае отиде да го вади оној полицаецот и другар му детектив кои извршувале нејзина наредба. Мерете и го умот, кога земала детектив од Берово. Што ли следел тој во Берово. Веројатно прател чија крава влегла да пасе во туѓа нива или чии петел пеел на туѓо буниште. Нејзиното образложение е дека тие ја фотографирале куќата и следеле нејзина наредба.
А, следење и фотографирање може да се врши од овластени лица само со судска наредба, односно само со изречени ПИМ мерки. Дали ви е сега јасно, што им е целта со барањето за специјален суд? Еве вака, спротивно на закон ќе си обвинуваат, ќе си притвараат, ќе си судат, небаре сме 48-та.

Арно ама, „чадорчето“ се излажа затоа што за оваа операција одбраа две погрешни личности. Зоран Заев и Катица Јанева. И затоа, работата нема да им успее.

Инаку, откако ова се случи во Македонија, останатите влади и нивните служби во околината се разбудија затоа што знаеа дека мечката ако игра во комшии ќе заигра и кај нив. Тоа што се случи вчера во Србија и Црна Гора не е случајно. По „Арапската пролет“ беше планирана и „Балканска пролет“. Како домино да паѓаат владите на Балканот.

Груевски, Вучиќ, Ѓукановиќ, Додик, Виктор Орбан, Бојко Борисов и Алексис Ципрас. Ама очигледно, во Македонија како што реков, избраа погрешни личности, а Србија одеше остро, онака како што прилега на држава и јас му честитам на Вучиќ. Јас би одел уште помашки.

Бранам држава и точка, или тие или јас! Ама ќе раѓаат ежеви додека ме совладаат!

Кај нас не случајно покрај Груевски беше таргетиран и Сашо Мијалков, кој имаше евидентни резултати во раководењето со УБК. Катица Јанева минатата недела само покажа дека „чадорот“ не може да ја разнебити Македонија без да ги раздрма нашите тајни служби. Освен објавените снимки кои се сериозен пропуст на службата, УБК и Агенцијата за разузнавање одлично се справуваат со сите предизвици.
Со бегалската криза, со терористите од Диво Насеље, терористичките закани кон витални институции во Македонија. Рака на срце, овие две институции беа за чекор пред „чадорот“ и останатите домашни предавници, вклучувајќи го и СЈО и Катица Јанева и успешно парираа на сите обиди за дестабилизација на Македонија.

Инаку во земјава, хараат странски служби. Некои имаат и над 100 шпиони но, и ние трева не пасеме. Што би рекле пораснавме, се остручивме, технички и кадровски се опремивме. Со еден збор – станавме држава!

Остануваат помалку од 50 дена до 11-ти декември кога на сите ќе им се разбистрат видиците и ќе се знае кој ќе коси, а кој вода ќе носи. Кој ќе биде во земјава добредојден, а кој од чадорчињата ќе му покажеме дека се криеле како мало дете кога игра криенка. Главата ја става под перница, а задникот му се гледа.

И, тука нема пардон! Треба да ги протераме! Овде мислам на чадорчињата. Намерно ги нарекувам чадорчиња, бидејќи некако стануваат се помали, а домашните предавници ќе си ги чуваме. Ќе биде убаво да си ги наведнуваат главите кога ќе појавуваат помеѓу народ, затоа што да носиш бреме дека си работел против сопствената држава е најтешкото нешто.

Дотогаш Заев ќе предлага смешни и непресметани економски мерки, за кои што ќе му треба буџет поголем од БДП-то на Македонија, Катица Јанева во паника ќе прави нови глупости, а вратите кон новата голема победа на владеачката коалиција, се повеќе се отвараат.

Убаво е кога ќе има повеќе противници и кога ќе ги победиш. Задоволството е поголемо затоа што на голем број душмани ќе им биде криво, и тогаш плачењето во хор ќе биде многу интересно.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This