КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Бозаџија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Го слушнав дел од образложението за кратењето на новиот буџет од страна на министерот за финансии Тевдовски. Ова кутро професорче помпезно најавува дека се кратат непродуктивните расходи во кои пред се влегуваат:

  • трошоци за репрезентација
  • службени патувања, и внимавајте добро
  • економски промоции

Замислете, за економскиов стручњак број еден од СДС, економска промоција на земјава е непродуктивен расход. Се прашувам, човекот професор на економски факултет ли е или бозаџија?

На овие економски промоции се промовираат инвестиционите можности во земјата, даночните предности во однос на соседните земји, правната сигурност и регулатива во однос на комшиите, како и сите останати компаративни предности.
Се промовираат компаниите кои се подготвени да примат странски капитал како и секторите во кои што може да се инвестира во Р.Македонија. Тие промоции ги имало и ќе ги има. Меѓу другите во економска промоција спаѓа и туристичката промоција во Р.Македонија. Нашите туристички агенции не се толку економски моќни за да можат да закупат штандови на големите саеми, затоа им помага државата.

Што ли мислат овие луѓе, дека тапкањето по рамо од страна на Хојт Ји и средбата со некој од европските функционери ќе ни обезбеди подобар живот? Или пак влезот во НАТО?

Македонија има трговски дефицит кој сериозно влијае врз платно-билансната рамнотежа. Дел од овој дефицит се пегла со девизните дознаки на нашите вработени во странство кои испраќаат парични средства на своите блиски. И тоа е повеќе од една милијарда евра. Дел се пегла преку директните странски инвестиции во земјава, како и донации од страна на меѓунардони институции итн. Остатокот во платно-билансниот дефицит се затвара со задолжување во странство. Од меѓународни финансиски институции, странски комерцијални банки или од странски влади.
Ако нашево професорче по финансии, професорче кое се однесува како паднато од Марс во министерството за финансии, како што претходно се фалеа дека ќе  ги намалат бенефициите за странските инвестиции во земјава, ги намалат средствата за економски промоции, тогаш е јасно дека ќе се намалат и директните странски инвестиции во земјата. Со тоа ќе се намали и девизниот прилив, и ќе се зголеми платно-билансниот дефицит.

Во СДС ништо ново. Кога и да се на власт тие не знаат да водат економска политика и веднаш на помош го викаат ММФ и Светска Банка. Задолжително кај нас ќе испратат некој Индијец. Како оној Бишманџи Банерџи, се сеќавате? И ќе почнат да ни кажуваат, дека буџетот ни е преголем, треба да се отпуштаат работници, треба да се затвараат институции, и ако тоа сме го направеле тие ќе не поддржеле со некој „стенд бај“ аранжман, а тоа значи нови кредити. Ете така, СДС ќе ги санира финансиските дупки од економските глупости на новата влада.

Добро е да знаете дека господар на Владата не е премиерот туку министерот за финансии. Ако министерот за финансии за одредени политики на владата не обезбеди средства, тие политики ќе ги нема. Да се изјаснам со фудбалски жаргон, тој е „полутка“ во тимот. Ако топката ја држи кај себе и правовремено не го опслужува центарфорот и крилата, екипата нема шанси да даде гол. Ако министерот за финансии не предлага економски политики и не поддржува мерки кои ќе ги зголемуваат приходите во буџетот, туку ќе прибегнува кон најпросто поимање на буџетското работење, а тоа е буџетко штедење ќе ја вовлече Македонската економија во стагнација, односно ако прави рестрикции на расходната страна без да превземе мерки на приходната страна.
Прав министер за финансии не е оној кој кој ќе намалува трошоци, туку оној кој ќе зголемува приходи.

По гафот на министерот за финансии дека не знае што е бруто, што нето ДДВ, по доцнењето во Парламентот каде што има своја точка, а тоа буџетот, денес излезе со гаф дека непродуктивен трошок се економските промоции на македонското стопанство. Како тргнале далеку ќе стасаат.

 

П.С. Карпош има директен зијан од новата влада и од овој министер за финансии. Целосно е укината ставката за изградба на амфитеатарот во локалитетот Скупи. Овој локалитет се наоѓа во Карпош и таму се наоѓа еден од најголемите амфитеатри на Балканот. Тој има 9.000 седишта. Зарем, реставрирањето на археолошките локалитети, изградба на овој монументален амфитеатар нема да има влијание врз туризмот и врз девизниот прилив во земјата? За нив Скопје 2014 не чини, археолошки локалитети не чинат, автопатиштата треба да се запрат, нови факултети да не се градат. Што за нив чини? Како мислат да ја водат оваа држава?

 

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This