March 29, 2024, 10:35 am

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Бомбони!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За само шест месеци го видовме вистинското лице на СДС. Лице – преварантско. На власт ги донесе Зијадин Села и благодарение на неговата пролеана крв формираа влада. Човекот со сопствениот живот ќе го платеше формирањето на марионетската влада. Се сеќавате, нели!?

49 пратеници СДС, плус 10 ДУИ и три Зијадин Села, токму 62. Ако не беше Зијадин Села, Заев немаше да биде премиер, и само три месеци потоа на Алијансата за Албанците им рекоа дека не ги поддржуваат туку дека во вториот изборен круг од локалните избори им даваат поддршка на ДУИ. Но, откако се обезбедија со прелетачи од други партии почнаа да го омаловажуваат Зијадин Села и неговата партија, нудејќи му потценувачки предлози.

Села одигра машки, како што би постапил и јас. Потпретседател за Европски интеграции и заменик-министер во некое министерство тој ги нарече „места за носење на бурек“. Човекот е во право. Заменикот-министер има право да пие кафе колку сака. Потпис на сметка нема. Потписот не му вреди пет пари. Не му следува ни службен автомобил. Тој по правило треба секојдневно да бара од гаражата на заедничките служби, возило за службени потреби.

Слично е и со потпретседателот на влада. Нема ресор, потписот не му вреди, и добро вели Зијадин Села местото е за носење бурек.

Но, како и обично СДС покажува дека нема вечна љубов, има само интерес, а интересот е министерството за здравство. Не грижата за пациентите, не подобрување на медицинскиот стандард и здравствените услуги, туку интересот на СДС се инвестициите во здравството. Тоа го кажав пред една недела, а во интервју на Алсат-М лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, го потврди моето тврдење дека министерството го зема СДС поради инвестициите во новиот Клинички центар кој ќе чини 150 милиони евра, и клиниката во Штип инвестиција која ќе чини 63 милиони евра.

Инаку, историски СДС бега од здравството како ѓавол од крст, затоа што ниту Господ не го оправил, а камо ли неспособниот СДС. Па така 92-та во експертската влада на Кљусев министер беше Перко Колевски. Во првата влада на Бранко Црвенковски, тоа место го даде на либералите, а министер беше др. Јован Тофовски. Во 1994 ова место потпадна под раководство на Илија Филипче (татко на денешниот министер Венко Филипче). Кога либералите ја напуштија владата во фебруари 1996-та година Црвенковски ова место му го даде на Петар Илиевски од социјалистичката партија. И кога во 2002-та СДС повторно се врати на власт, министер за здравство беше Реџеп Селмани од ДУИ. За прв пат премиерот Владо Бучковски здравството го даде на кадар од СДС, а тоа беше во ликот на др. Владо Димов. И сега, др. Венко Филипче кадар од СДС.

Значи бомбоните се во прашање, а не пациентите.

СДС ќе те тинтри само додека му требаш. Штом не зависат од тебе, тие ќе те шутнат. Ова ќе им се случи и на многумина од нивната коалиција, особено на таканаречените прелетачи. Тоа е разликата помеѓу нив и ВМРО-ДПМНЕ. Демократски сојуз на Павле Трајанов речиси година и половина му беше камче во кондура на Груевски, но не го избрка од коалиција и на прашање на коалиционите партнери зошто не се ослободи од Демократски сојуз кој има дисонантни ставови со коалицијата и со ВМРО-ДПМНЕ, одговорот на Груевски беше: „Победата во 2014-та сум ја остварил заедно со Павле Трајанов и Демократски сојуз, и јас нема да ги избркам од коалицијата додека тие сами не одлучат тоа да го направат.“

Ова зборува за ментален склоп и коцкарски манири што во кодот ги има СДС. Не знае да го почитува зборот, како што не знаеше да го почитува ниту зборот и освоената победа на Сојузот за Македонија во 1994-та година и исфрлувањето од коалиција на Либералите две години подоцна. Што пак во 98-та година го платија со паѓање од власт.

Заминувањето на Села, владината коалиција ќе ја чини многу. Тие очигледно не можат да ја разликуваат силата на прелетачите од партиите, но ова растурање на коалицијата откри уште една работа. Она што ние го тврдевме, дека потпретседателот на владата Кочо Анѓушев има конфликт на интереси, и како што вели Села – владата носи закони кои се во интерес на фирмите кои ги поседува горе именуваниот. Ова значи дека аферите ќе почнат да излегуваат и познавајќи ја Алијансата, нема да биде нималку нежна кон владата.

Во секој случај, јас му честитам на Села за достоинствената одлука, а антикорупциските институции во Р.Македонија треба да ги проверат наводите на Села.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This