March 28, 2024, 10:32 pm

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Бумеранг!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Покрај тоа што ми е жал дека Груевски го користам како тема, а не најгорливите македонски прашања сепак мора да укажеме на неколку работи. Првиот шок за јавноста беше бегството на Никола Груевски. Сите мислеа дека избегал преку Србија. Но, користењето на Албанската и Црногорската држава како попатна дестинација до Унгарија е вистинско изненадување за секој аналитичар, па дури, ако сакате и за безбедносните служби. Што е тука многу симптоматично? Поранешниот премиер избега преку Албанија и Црна Гора, две земји членки на НАТО. Во исто време овие две земји-членки на Алијансата се оние врз кои што, Американците и безбедносните структури на НАТО имаат најголемо влијание. Ова бегство да е направено без да знаат безбедносните служби на овие две земји и да не е одобрено од супервајзорот од ридчето е невозможно. Значи, ова не обично бегство и барање за азил, туку работата е многу покрупна. Убеден сум дека Груевски не е загрижен за азилот, веројатно тоа е договорено. Најзагрижени се Заев и Оливер Спасовски. Изненадени се, што тоа им се случува. Како што вели Миле Јанакиевски – не можат по магарето, сега ќе удрат по самарот, односно, ќе спроведувле истраги за тоа кој се бил вмешан во бегството на поранешниот премиер. Тоа е замајување на јавноста. Но, очигледно е дека ова е многу покрупна игра која е надвор од доменот на нашите безбедносни служби.

Интересно да се напомене е дека, господинот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во вечерното интервју на „Само Вистина“ тврдеше дека тој немал законска основа да го следи Груевски и дека ако тоа го правел ќе го прекршел законот, а само седум часа по завршувањето на неговото интервју притворени се Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски, со образложение дека УБК има сознание дека и тие подготвувале бегство. Па нели без судски налог тие не следат? Како ги обезбедиле овие сознанија ако не ги прателе, иследувале и контролирале нивните комуникации. Значи, УБК го прекршува законот, или пак УБК си е УБК, односно, не бил само Сашо Мијалков кој ја злпотребувал својата положба туку тоа е нивна востановена практика да делуваат надвор од законските рамки. Во исто време тврдат дека Јанакиевски имал сметки надвор од земјата, а тој преку својот адвокат порача дека доколку тоа е вистина, подготвен е да прифати доживотна кзна. Заклучокот е дека некој тука нешто мати, односно, власта се повеќе заглавува од грешка во грешка.

Кога бев градоначалник на општина Карпош, една ноќ комунален редар вработен во општината дошол во ноќните часови, украл моторцикл, го возел во пијана состојба и го фатила полиција. Значи, вработениот беше казнет, а кражбата на моторциклот очигледна. Иако за прекршок, како одговорно лице во општината, судија за прекршоци ме казни со 20.000 денари кзна. Замислете, и јас сум бил одговорен што тој го украл моторциклот. Тоа е исто како некој да влезе во општинските простории, го украде службениот пиштол и потоа со него изврши убство. Зарем за стореното кривично дело, треба и јас да одговарам. Но, јас бев опозциија. За украдениот моторцикл ќе одговара и Стевче, исто како и за неземените банкарски гаранции во тендерските постапки од страна на службениците во општината. Поставувам прашање:

-Ако јас можам да одговарам за украдениот моторцикл и неземените банкарски гаранции, зошто Оливер Спасовски не треба да одговара за пребеганиот Никола Груевски? Кој е одговорно лице во МВР? Кој е надреден над граничната полиција?

Само 15-тина дена пред ова, исто така во телевизиско интервју на господинот Оливер Спасовски, на прашање што мисли за укинување на членот 353. став.3 од Кривичниот закон, со што се трга одговрноста на одговорното лице и се лоцира вината кај непосредниот сторител – тој одговори дека е против да се трга од кривичниот закон, кривичната одговорност за функционерите. Ама тогаш не мислеше дека може и тој да биде одговорен. Мислеше дека тоа се однесува само на опозицијата, на некои минати свршени времиња. Но, ѓаволот ни ора ни копа. Нели законите треба да важеле за сите, нели правда требало да има за сите, нели секој бил еднаков пред законот?

-Ако јас сум одговорен за украдениот моторцикл, зошто тој не е одговорен за пребеганиот осуденик?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This