КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Бум-трес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот попмезно најави инвестициски бум во локалната самоуправа. Бумот ќе бил тежок 18 милиони евра. Овој бум, да е со една нула повеќе, тогаш може да сметаме дека е нешто значајно. Ако овие 18 милиони евра ги поделиме на 83 општини, сами можете да заклучите колку пари просечно ќе бидат инвестирани по општина. Едвај, нешто повеќе од 200.000 евра. Се прави ли нешто, така спектакуларно, со 200.000 евра?

Толку помпезно го најавија што навистина остава впечаток дека се работи за баслословни суми. Очигледно пи-ар стратегијата на ова власт е од малку добро, да прават привид на многу добро. Тоа не е ништо спорно. Ако има кој да им молчи од другата страна, ќе си се фалат со малку. Но, спорни се нивните лаги. Тие велат дека во Македонија имаме само 18% покриеност со канализации. Се прашувам, дали се слушаат што зборуваат. Ова не го кажуваат прв пат, туку по којзнае кој пат. Си кажуваат лага и си веруваат во лагата. Еве како стојат фактите:

– Скопје е третина од Македонија. Центар, Карпош, Чаир, Кисела Вода, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров – секаде има канализации. Евентуално, по некое од селата може да нема. Ќе ми каже некој дека Битола нема канализација? Куманово? Прилеп? Охрид? Струга? Штип? Кој град во Македонија нема канализација?

Зошто вака безочно лажат овие луѓе? За да потоа, како што тие најавуваат ќе стигнеле до бројка од 30% покриеност со фекална канализација. Јас гарантирам дека покриеноста со фекална канализација по број на жители во Македонија е над 60% во моментов. Нека излезат и нека кажат кој град со колкава покриеност е канализационата мрежа.

Не слушнав од каде ќе им се овие 18 милиони евра. Дали се тоа парите од пренамената од откажувањето на штипскиот аеродром, или пак се некои други? Турците имаа обврска да направат аеродром во Штип во рок од 10 години. Владата предводена од Заев, одлучи дека не им е потребен аеродром туку им требале канализации. Овде ни станува сосема јасно до каде им оди умот и визијата на нашите владетели? До најпростото. До канализацијата. Тие не се кадарни за нешто пософистицирано. Колку ли само треба да си неук, кратковид, да не речам никаков да се откажеш од еден таков проект каков што е аеродром, што би значело развој за цел регион, и парите да ги дадеш на ништо друго, туку на канализации.

Канализација гради секој локален градоначалник. Аеродром не може да изгради градоначалник. Аеродром е стратешка работа. Стратешка работа која ќе донесеше развој на регионот. Многу пологично ќе беше ако парите се пренаменеа во енергетика, во телекомуникации, во нешто што ќе го поттикнува развојот. Но одлуката овие средства да се потрошат за подобрување на состојбата со фекалиите, благо речено е многу симплифицирано сфаќање на улогата на владата. Канализациите се локални проблеми, локални проекти, а аеродромите – државни.

Очигледно, за нешто крупно ги бива, ниту може да смислат.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This