КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Единичка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога живеев во населбата Влае, во далечната 1966. година имав едни комшии, доселеници од Свети Николе. Нивниот постар син беше прваче и тогаш, и нив ги оценуваа. Оценките почнуваа некаде во ноември. Кутриот комшија добил единица. Оди накај дома, пресреќен, подрипнува и вели – „Мамо, ја си доби единичка“. И пак си повторува неколку пати – „Мамо, ја си доби единичка“. Мајка му вели – „Дај да видам тетратката да видам што си добил“, не може да верува, си мисли петка да не добил. Отвара жената тетратката, што да види жената, навистина детето добило единичка. Имаа врба во двор, па кога скрши една прачка, па кога му викна….му даде убава единичка.

Е така и нашиот Заев. Си доби единичка и подрипнува од среќа. Вајгл вели дека бил разочаран, а Заев пак бил среќен – како мојот комшија со единичката. Вакви условени препораки Груевски имаше 3-4. Та нели, реформите 3-6-9 како што викаше Бујар Османи биле завршени со 97%? Затоа што вака излегува дека биле завршени со 0%. Што е најинтересно пак, луѓето од Европа се во право. Главна забелешка е што Македонија не е правна држава – кој е крив за тоа? -Па СДСМ се разбира. Како што осудија Груевски, да го осудеа Заев за барањето поткуп и уште еден куп други кривични што му стојат ад-акта во обвинителството извештајот ќе беше поинаков. Уставниот суд, да не се однесува како парламентот (збир на политички партии) туку да се изјаснеше за СЈО дека е спротивно на закон за судство, истиот Уставен суд да се изјаснеше за изборот на Талат Џафери дека е нелегитимен и со 57 гласа. Сите предмети со кои се суди раководството на ВМРО-ДПМНЕ да не паднеа кај Добрила Кацарска – извештајот ќе беше поинаков. Кажуваа приказни дека Панчевски местел предмети кај судии кај кои тој сакал. Кого прават тие будали? Што АКМИС ќе беше тоа и овие 30 обвинети од 27.април, повторно „паѓаат“ кај Добрила Кацарска. Да не случајно Кацарска на некој дел од телото има магнет, па овој рулет паѓа се кај неа? Да не си ги ослободуваа оние од Смилковско езеро и еден куп други политички одлуки – забелешки на Македонското судство немаше да има.

Но јас сепак мислам, дека од Европа си поигруваат со Заев, откако ги голтна сите жаби од сожалување му рекоа – „ај, догодина ќе ти дадеме препорака“. Што би рекол народот – „радуј се к.. на пијано п…“.

Секој овде се прави на будала. И тие од Европа, и ние. Курбан ќе оди само името и ништо друго. Во НАТО ќе не втурнат „на врат, на нос“, а за Европа „шче причакаме“.

Влезот во Европската Унија е пред се политичка, а не правна одлука. Кого тие фарбаат? Бугарија и Романија да не случајно беа правни држави кога тие ги примија во членство. Па ако сакате и Чешка и Словачка. Криминал, корупција, мафии колку што сакаш. Но, тогаш тоа беше големо проширување и важно им беше да влезат и тие земји. Ние ќе си останеме без име, тие си се спремаат за нови избори догодина во мај. Цело време од нас бараат да покажеме лидерство. Тоа во превод значи да се изглупираме и да го смениме името. Како што тие велат – да сме донеле тешка одлука. Епа сега тие што не донесат тешка одлука. Што не бидат лидери, што не мислат на безбедноста, напредокот и прогресот на Балканот и Европа. Но не, си мислат само на сопствените задници затоа што ако се изјаснат за проширување и давање на датум за преговори на Македонија и Албанија, драстично ќе им падне рејтингот, а ќе пораснат десните националистички партии во Европа и догодина левите партии ќе ги изгубат изборите.

Тие си носат одлуки како што нив им одговара. И ние носиме одлуки како што нив им одговара. Се оди во нивен прилог, а ние ќе даваме жртви.

Нели ви е чудно, браќа Македонци зошто на договорот во Преспа не присуствуваше ниту еден официјален претставник од САД, Велика Британија, не присуствуваше претседателот на Европскиот парламент или пак Европската комисија. Хан и Могерини, сега ги гледате – утре не ги гледате. Како што не го гледате Солана и Филе. Штом Американците ги немаше на потпишување на овој договор, тоа значи дека со името уште не е завршено. Уште ежиња ќе раѓаме. Се разбира, ежиња ќе раѓаме не Македонците. И на крај ќе завршиме како „Република северно од Македонија“ или во најлош случај „Централно Балканска Република“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This