КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Жедни преку вода!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

stevco_naslovnaВМРО-ДПМНЕ ги промовира своите носители на листи и работи на терен, а СДСМ спие. Затоа работи нивниот шеф на изборен штаб Катица Јанева. Прави циркус во МВР, парадира, изигрува жртва, кажува глупости дека ќе седела десет дена па дури и до први јануари, односно додека не и ги даделе податоците.

Не знам што да кажам? Женава е за жалење. Греота!

Замислете, буцкава ја изненадила УБК, ги фатила на препат и тие не знаеле како да се снајдат, не и ги давале лозинките затоа што сакале да ги избришат податоците за тоа кој прислушкувал.

Си живее во филм кутрата незнаејќи дека УБК точно и го знае денот и часот и минутата кога таа сакала да влезе во нивните простории, што и е намерата и кои податоци сакала да ги земе. Оваа витална државна безбедносна институција, не за доручек туку за маренда јаде вакви „шпиони“ како Катица Јанева. Па ако сакале да бришат и ако можело да се брише во системот она што е снимено, нејзе ли ќе ја чекаат?

Што тајна служба би била таа, ако не ги знае намерите на противниците? И оние, од Диво Насеље мислеа дека ќе ја изненадат УБК, ама го видоа Господ во пижами. И затоа, таа со својата свита и СДСМ-овчињата што тријат раце демек нешто направиле, повторно се превеслани жедни преку вода.

Знае ли јавноста дека нашата Карла дел Понте од Гевгелија во моментов не чува стража во зградата во која што се наоѓа техниката за прислушување, туку седи во канцеларија во управната зграда на УБК. И тоа во сала за состаноци.

Целата работа е да направи претстава дека го чува системот од можни интервенции – од припадниците на УБК, а јавноста не знае дека таа се наоѓа во сосема друга зграда надвор од техниката.

Таа е дојдена да утврди дали има разлика меѓу изречените ПИМ за прислушување и бројот на прислушкуваните лица кои постојат во серверот. Глупости!

Па зошто е целата оваа афера? Затоа што има разлика помеѓу она што е одобрено со судски налог, и помеѓу она што некој самоиницијативно снимал. Точно се знае кој снимал – Ѕвонко Костовски. Тоа му било работа цели 30 години. Тој го знае системот како функционира, тој бил на обуки, тој ги знае лозинките, тој го пренесувал знаењето на другите и никој друг во УБК.

Стореното дело тој го призна на суд, и си кажа дека работел по налог на Зоран Верушевски.

Значи Катица Јанева во УБК е влезена и ги чека да дојдат господата од Шведска, да и го отклучат серверот за да види, за да констатира дека водата е водлеста.

СДСМ-овчињата нека си се радуваат. Ја утнаа повторно, си прават претстави ама скапо ќе ги чинат. Да сум јас на местото на директорот на УБК ќе ја соберам цела служба, ќе и ги предадам клучевите од сите канцеларии и од сите згради, и ќе соопштам дека од денес надлежен за безбедноста на нацијата е Катица Јанева. Па кога ќе не „изрокаат“ фундаменталистите во воздух, ќе видиме кој каде ќе заврши.

П.С.
Дали знаете дека терористичкиот напад во Франција се случи поради пропуст на француските безбедносни служби. Нашите служби таков пропуст немаат, а колку пати сакаа Сити Мол да го кренат во воздух, на колку настани сакаа да подметнат бомби, граѓаните воопшто не знаат. Но, ако дозволиме на будаливе на чело со шефот на штабот на СДСМ Катица Јанева да прават глупости во УБК, да си спремиме пластични вреќи.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This