КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Идиот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

stevco_naslovnaДо изборниот молк има уште 21 ден. Rabits and Company мислеа дека со бомбите ќе го спуштат рејтингот на владеачката коалиција, а ќе го кренат својот но не испадна така. Се обидуваат со некаква економска програма во која што нудат се и сешто: покачување на плати, зголемување на разни права, намалување на даноци и разни други што би рекол Његош „свакојаке посластице“. Инаку, овие „посластици“ Турците ги нуделе на Црногорскиот народ па Његош вели:

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]”Црну Гору покорит немогу,
ма никако да ја сасвим моја.
Па им шаље демонске месије,
и нуде свакојаке посластице.“[/kopa_block_quote]

Така и Заев, власта никако да е негова. Па почна да нуди „свакојаки посластици“ за Македонците – доволно ги нарани. Сега почна и на Албанците да им нуди. Мала му е Македонија, па отишол во Берн. Па оној жолтоглавиот Андреас Грос како што ги нарекува Његош „демонске месије“ и тој кажува како треба да биде уредена Македонија, Заев не можел да не убеди сам, а тој да му потпомогнел.

Очигледно влезе веќе во цајтнот, како што реков од „бомби“ аир нема, програма нема, економски глупости кажува за кои никој не му верува, а времето си оди до суровата вистина на животот го делат уште 23 дена.

Во паника спас бара кај Албанците надевајќи се дека ќе освои нивни гласови затоа што кај Македонците е прочитан буквар, и тие во сите анкети се изјаснуваат дека нема капацитет да води држава.
За двојазичноста, реториката негова е веќе видена, новина е проширувањето на Рамковниот договор. Зајко наш силен маж, ќе ги рушел рамките.

Дилетант!

Договор потпишан со крв. Дадени жртви, потегната цела меѓународна заедница. Наеднаш чудо. Слепецот од Муртино со ништо поттикнат, тој јадникот ќе го менувал или поништувал договорот. Несвесен какви тектонски пореметувања ќе предизвика во меѓуетничкиот соживот. Ова посебно ги вознемирува граѓаните од централна и источна Македонија. Или во изборна единица 3 и изборна единица 4. Видовме дека најголемо намалување на гласачи има во изборна единица 3 и 4 поради емигрирањето на гласачкото тело.

Значи, малку им е сиромаштијата и бесперспективноста на граѓаните од источна Македонија уште им фалеше Зајковата двојазичност. Веројатно сака да ги дотепа луѓево и да им ја уништи и последната надеж. Тоа е СДСМ. На луѓето не им дава ниту надеж, а камо ли да им понуди нешто реално.

Затоа ќе губи на избори.

Во Берн, од овој опозициски дилетант веројатно е кажана најопасната досега теза од 1945 година па навака. Најопасна теза кажана, не само од политичар туку и од историчар, писател или било кој друг интелектуалец. Што е најстрашно, ваква теза немаат кажано ни комшиските најзадрти националисти. Момчето од Муртино недораснато за политика кажа дека ние Македонците сме криви за се.

Со ова, идиотот кажа дека Македонците се најголемото зло на Балканот!

Со оваа негова изјава, кој ќе владее со Македонија нема да се одлучува на 11-ти декември, туку се одлучи завчера во Берн.

Замислете го да има власт. Ќе ни „опне“ двојазичност, па ќе оди кај Србите ќе им каже „во право сте, МПЦ не треба да постои, ние треба да бидеме под ваша – српска јурисдиција“ не знам само што ќе му прави на г.г. Стефан. На Косоварите ќе им каже „2001-ва вие не ни ги пративте вооружените борци на ОНА во Македонија, туку ние вас ви ги пративме“, на Бугарите ќе им каже „вие сте во право, нашиот јазик не е Македонски“, а кај Грците ќе си ја свитка кичмата и ќе побара да му кажат како да се викаме и да тера работа.

Идиот над идиотите!

Веројатно со ова сака да го оттргне вниманието на комшиските влади, свесен дека по 11-ти го чекаат реперкусии и ќе се работи за неговата слобода, па отвара прашања и зборува тоа што сакаат да слушнат другите за да евентуално се врши притисок за негова заштита, односно за негов спас.

СДСМ е дефинитивно закопан. Наместо топката да биде пред голот на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, тие да се бранат и да ги користи бомбите, стручњаков си ја стави топката пред својот гол и цело време ќе мора да игра одбрана, наместо оваа кампања да одеше во напад.

Мнозинството од Македонскиот народ на СДСМ не му простува за референцата БЈРМ. Очигледно не му простува за Струга, Кичево и двојазично Скопје. И затоа сите избори од 2006 година па наваму ги загуби. Тоа значи дека откако го донесе фамозниот за територијална реорганизација за град Скопје и референдумот одржан во 2002 година – СДСМ бел ден не виде!

Со најновиве тези на Заев, дека ние Македонците сме злото на Балканот, изворот на конфликти, СДСМ нема што повеќе да бара кај Македонските граѓани.

Подобро е да ја затворат партијата, и да се формира нова.

Референца ни ставија, кичма сакаа да виткаат, дадоа цели градови, затворија фабрики, уништија економија, фрлаат анатема врз нас Македонците, епа кој тоа ќе им го прости?!

На крајот, ох колку сум среќен што не сум со нив!

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This