КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Истурени компири

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот не го дава потпретседателот на Владата ниту министерот за транспорт, а уште помалку министерот за здравство. Нема да побара оставка ни од пратеникот Локвенец. Убаво си вика човекот, „ако им побарам оставка, со кого ќе работам?“ – Криминалци, работат со криминалци. Ако ти ја сменат криминалната дружина, со кого ќе ти остане да работиш? Нормално, Заев во таква ситуација би останал сам. Не би можеле злосторнички да се здружуваат, како што вели кривичниот закон.

Чудно е како наеднаш СДСМ-овците станаа иновативни. Очигледно за нив дојде „животот“. Претходно во „режимот“ имале идеи, ама немале пари. Сега пак кога се на власт, немаат идеи, ама затоа имаат пари. Бидејќи немаат идеи, па за иновација ја сметаат и машината за печатење која Господ знае пред колку века е пронајдена, реинкарнацијата, и какви се не глупости.

Се поставува прашањето, како наеднаш иновативни станаа токму во печатењето? – Јасно е како ден. Враќаат стари долгови за печатење од изборите и подготвуваат пари за референдумот и новите избори.

Ова злосторничко здружување треба сериозно да биде испитано од Обвинителството и да не се прават наивни. Прво треба да се тргне од причината зошто драстично ги зголемија средствата во Фондот за иновации. Не треба да се заборави ниту министерот за здравство, кој е фатен како дете кога испружи раце да допре рингла на шпорет, и кога ќе го плеснете по рачињата па ве гледа шокирано. Тој е плеснат по рачињата, но затоа треба да се утврди дали имало претходен договор и комуникација помеѓу него или било кој од власта со новоотворената фирма во Белград и во Скопје.

Ова не е се. Кога ќе се направи добра анализа, ќе се констатираат уште многу роднини и пријатели на владејачката гарнитура. Замислете овие 79 фирми кој добро си се почастија, имаат вкупно 500 вработени. Тоа е отприлика, просечно по 6.3 вработени имала една фирма. И за каков напредок, иновативност, раст на економија, поддршка на стопанство и останати „булшитови“ ќе зборуваат Заев и неговиот потпретседател. Згора на тоа, па и јавно ги делеа парите. Со ваучери, демек транспарентни биле! На 28 милиони евра капитал, на потпретседателот на владата Кочо Анѓушев, зарем му дојде и до овие 160.000 евра. Ненаситни се!

Има нешто чудно во оваа кражба во обид, а тоа е дека го нема никаде ДУИ. Ги нема Албанците. И не реагираат. Веројатно со нив имаат договорено од некое друго место да земат, и затоа се така мирни. Но, народот не мирува. Тој ги чека на бусија. Прво на референдумот, а после на избори. Ќе им ги истури сите компири.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This