КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: И неспособните успеваат со нас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Токму Пред две недели го носев мачето на ветеринар. Имаше повеќе граѓани кои ги донеле своите милинечиња на преглед и чекав сигуно час и половина. Мислејќи дека брзо ќе завршам, бев облечен целосно во летна гардероба, вклучувајќи и кратки панталони. Кога ме нападнаа едни муви лути како оси, штипат ли штипат! Најмногу по нозете, тупкав како коњ, Џабе! Не бегаат додека не ги удриш, не се тргаат и пак се враќаат. И викам, ах Шилегов Шилегов, кај си ти за оваа работа. Оваа работа е за Коце Трајановски, да брка мува, да брка комарци, да асфалтира улици, чисти депонии.

Шилегов е за фини работи кои се работат во канцеларија, со чаша виски се разбира. По можност некоја комисија каде може да се заработи некоја паричка, далеку од очите за јавност, како на пример второстепена комисија за решавање жалби од јавни набавки. Ова за него е проста и досадна работа.

За воља на вистината последниве две недели, рано сабајле брчи некое авионче и запрашува колку да ни замачка очи. Навечер не испокасаа комарци, да спиеме со затворен прозор, како да сме во Дојран. Може да се натпреварува со градноачалникот на Дојран кој има повеќе комарци во метар кубен. Нервозно реагирам дома, а жена ми ми вели: Де ба ти, иди дрмни некоја чаша виски како Шилегов, ни комарци ќе те јадат, ни бутур ќе ти биде. Па си викам можеби има право, штом он не ги осеќа комарците и мувите и не му сметаат, мора да е решинето во вискито. Јас не би бил јас ако не знам да дадам одговор, велам: И на бебињата и трудниците ли ќе им даваме виски да пијат!?

Шегата на страна почитувани пријатели, во ваква досадна комаро-мувска ситуација не сме биле наназад триесетина години. За муви и комарци да средат не ги бива, а не дај боже да не задеси епидемија, поплава или земјотрес како оној од 63та. За градежништво и проекти да не правиме муабет. Единствен градежен зафат му е рушењето на споменикот на Ќосето, ама затоа бистри политики, постојано се повикува на ВМРО-ДПМНЕ, ама за работа никако да се фати. Нема потез, една година ни потрошија, а за гасификација на Скопје ни збор, муабет не се прави за трамвај, што ли тоа беше. Сега слиушам за набавка на автобуси на гас треба да се даде 10 мил евра, па се мислат дали Владата или Шилежето. Најпрвин градот Скопје донесе одлуга Владата да купува автобуси, сега пак си ја поништи таа одлука, за да повторно граѓаните на Скопје да си ја платат сметката, а Груевски? Нека цркне по затворите. Нема будала како него. Тој даде 46 милиона евра да се возат граѓаните на Скопје во нови климатизирани автобуси, заедно со Коце ги направи сите булевари, направија 6 катни гаражи. Да биде иронијата поголема, ни легализираше се живо и диво по едно евро, земјиштето ни го даде да си го купиме по едно евро, пензионерите од Скопје ни ги возеше без пари. Се извинувам, заборавив и средношколците и студентите. Ни направи жичара за да можат и тие со патерици да се качат на Водно, ни ги бањаше пензионерите во бањско-климатските одмаралишта. И шта да кажам после се, тој не ни чинеше зашто го направил “Скопје 2014та”, а добар ни е овој, кој неможе да ги очисти ни комарците и мувите, ама затоа ни ги ископа од лани новоасфалтираните улици во Тафталиџе за да си спроведе парно греење до неговата куќа.

Шарени ревулиционери, шарени лажговци. Го прелажаа народот ама тој веќе ги прочита. Само уште странците веруваат во нив. Нивната парола е : И НЕСПОСОБНИТЕ СО НАС УСПЕВААТ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This