КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Комарци, аџамии!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Епа, чорба македонче! Си го симна од власт градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски кој перфектно си ја вршеше својата работа и устоличи зашеметен филозоф кој само зборува и бистри политики. Не ни чинеше Коце Трајановски кој мувите и комарците секоја година ги прскаше крај на април – почеток на мај (со исклучок минатата година, на 2-ри јуни) и гласаше за Петар Шилегов кој иако доаѓа веќе 1. јули абер нема да ги труе инсектите. Бидејќи и тоа беше дел од мојата работа, знам дека ако не се испрскаат инсектите рано на пролет, а особено мувите и комарците додека се сеуште во ларва, потоа ќе треба многу повеќе прскање, поголеми трошоци а ефектот ќе биде помал. Да ги прскаш инсектите како Шилегов сега во месец јули, тоа значи дека ларвите сега му пораснале, и истите му се во пубертет. Што би рекле – аџамии. Многу мака ќе види да ги исчисти. А, и ние со нив.

По куќите ни шетаат муви како да сме во некое планинско село. Колку што знам, Коце Трајановски прскаше четири пати во годината и дури ја прошири територијата на уништување на овие инсекти. Прскањето го прошири дури на Петровец, Илинден и Катланово. Но, очигледно Македонците не сакаат работници, сакаат филозофи, а особено „шарени“. Епа сега, ќе си се дружат со „шарени“ комарци и со црни муви.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This