April 25, 2024, 10:13 pm

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Луд, збунет или шокиран!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе кажав: „Белким не се толку забегани да прават прослава за наводното влегување во НАТО“. Но, Заев не е Заев ако не изненадува. Тој закажа прослава со пејачи, музики и таламбаси и трошење на народни пари во вкупно 15 градови. Баба ми велеше: „Се радува како бездетна мајка на килаво дете“.

Од друга страна, шоу програм. СДСМ предлага декларација за НАТО во Собранието на Р.Македонија. Ха, ха, ха. Што би рекол Шешељ: „Ако не умрем од болести, умречу од смеха“. Па нели ќе прават прослави во 15 градови, па нели сме влегле во НАТО бре, народе?! Ако сме влегле во НАТО, зошто ни е декларација за НАТО? Декларација се гласа за нешто за што има дилеми, за давање на насоки, за правецот на движење на државната политика. Такви декларации имаме две или три. Сега како што вели Зоран Заев ние сме влегле во НАТО, и да се крстиш со лева рака – зошто ќе ни е декларација?

Не знаеш дали се луѓево будали, дали се пијани. Но јас мислам дека се шокирани. Шамар добија од ЕУ, сега шамар добија од НАТО и не знаат како поразот да го сокријат, па се обидуваа насила да го претворат во победа.

Вчера, претседателот на владата Зоран Заев пред целиот свет го најави фалсификатот на референдумот. Тој во интервју за Би-Би-Си рече дека за референдумот излезноста ќе била 70%, а 70% ќе гласале за промена на името. Ете зошто Македонските граѓани не треба да излезат на референдум. Човекот што јаде многу нога од кокошка, однапред си кажа што спрема. Измама во која што ние Македонците 70% ќе сме кажеле дека сме за промена на името на државата. Ниту една анкета тоа не го кажува, туку сосема спротивното. Имено, 75% од Македонците се против промена на името на државата.

Затоа народе, на референдумот седете си дома и гледајте си турски серии. Кој си има мака, кој ветувал, и кој земал пари за ова предавство, тој нека го раѓа ежот!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This