КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Македонија – вечна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

stevco_naslovnaВо својата изборна кампања претседателскиот кандидат на САД Роналд Реган меѓудругото ветувал дека тој ќе обелодени кој го убил Џон Кенеди.

Како што знаеме Реган победи, и уште на почетокот кога стапил на должност после неколку дена го повикал директорот на ЦИА и му го побарал фајлот за Џон Кенеди. Директорот му одговорил дека тоа не може да го добие. Претседателот Реган остро му забележал дали знае кој тоа од него го бара досието за Кенеди. Тој ладнокрвно му одговорил „Да, знам“ но додал „тоа досие никој не може да го има освен ЦИА“ и тука завршил муабетот.

Роналд Реган уште на почетокот на својот мандат ја сфатил пораката дека претседателите се менуваат, но чувар на државата се тајнтие служби. И затоа беше добар претседател, и владееше со САД два мандати.

Ние деновиве гледаме како една неуставна, квази-институција се обидува да влезе и тоа насила во уставна институција. Управата за безбедност и контраразузнавање, меѓудругото има обврска да го штити уставното уредување и да се справува со тероризмот.

Не може квази-институција како СЈО која е формирана од четворица политичари кои може да бидат и неодговорни, и да не се снаоѓаат во политичките лавиринти да врши насилие врз витална безбедносна државна институција.

Но УБК, ниту смее ниту треба да ја интересираат политичките надмудрувања.

  1. Би ги запрашал актерите на ова смешно СЈО да набројат барем една тајна служба во светот која дозволила да и влезе страно тело и притоа да собира доверливи податоци. Таква не постои.
  2. Овој кредибилитет што го има УБК во Европа и во светот е макотрпно граден, за оваа институција да  може рамноправно да седи на маса, да разговара и да разменува информации и податоци со тајни служби на многу поголеми и посилни земји. Треба да биде кредибилна, добро поставена, и информациите што ги разменува да бидат квалитетни. Се поставува прашање, која сериозна партнерска тајна служба веќе на Македонија ќе и дава тајни податоци од висок ризик? Штом некој однадвор, па макар тоа било обвинител или судија може да влезе во доверливите податоци, тие веќе не се доверливи. Штом податоците ги поседува, ги гледа, ги анализира и може да ги соопшти или да ги даде на друг, тие веќе не се тајни, и се надвор од оној кој што е обучуван и има задача тие податоци да ги чува.
  3. Оној што ја направи оваа криза, „чадорот“, него му одговара оваа ситуација, и едвај чека да обвинителот втора лига југ ги добие податоците за тоа на кого му биле изречени ПИМ мерки, и бидејќи е таа нивни должник тие многу брзо ќе дојдат до потребниот податок. Така, потенцијалните терористи, криминалци и други можат да бидат врбувани од „чадорот“ со образложение дека знаат дека тие се следени од македонските тајни служби но дека тие ќе им обезбедат заштита, онака како што му обезбедија на Верушевски, но да продолжат да работат за нивните служби.

Нека ни е на здравје, ама штетите од Заев и Катица Јанева ќе бидат непроценливи.

Многу убаво кога Катица Јанева хистеришеше на капијата на МВР и одговори полицаецот:
„Не може да влезете бидејќи немам наредба од надредените“.

Тој и порача дека надвор од капијата на УБК е политиката. Но внатре, по капијата е државата. Кога ќе се смират овие работи на овој полицаец треба да му доделиме орден заслуга за народ со златен венец.

Знаеме дека на Катица Јанева часовникот и отчукува. Таа како шеф на изборен штаб на СДСМ има само уште 49 дена за политички маркетинг, и останати фолирања до судниот 11-ти декември. Нејзе и се брза. Но, на УБК и на Македонија – не. Катица Јанева и „Rabbits & company“ се минливи. А Македонија, мора да биде вечна.

За среќа има во оваа земја и некој што професионално си ја обавува својата работа. Впрочем, и оние од кумановско Диво Насеље видоа како функционираат Македонските институции. Оние што немаат чувство за држава и државни интереси ќе се обидуваат да ги разишаат под изговорот „во името на демократијата“, правдата, гонењето на криминалот, а за сметка на „чадорот“.

Убеден сум и едните и другите ќе останат со кратки ракави.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This