КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Морони на квадрат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на владата Миле Бошњаковски вчера одржа моронска прес конференција. Не знам дали нас не прави морони, или е самиот тој. Многу бил среќен што сме ја зачувале химната и знамето. Кого бе момче ти зафркаваш? Грците никогаш не го поставиле прашањето за химната и знамето. Што не правиш будали? Ако ти се оние од СДСМ такви, не сме и ние останатите, и нема да бидеме. Па нели го сменивме еднаш знамето по барање на Грција. Пак ли требаше да го смениме?

СДСМ и Зоран Заев сакаат да не убедат дека врвно достигнување е што успеале да изборат да не се смени знамето. Демек, многу се опирале. Овде многу ми наликува на еден виц меѓу јарецот и козата:
„Ја бркал јарецот козата и таман да ја потфати таа почнувала да вика ‘Нее. Нее. Нее!’ и пак ќе му избегала. Така се случувало повеќе пати но во еден момент јарецот ја зграпчил козата онака како што треба и започнал со сексот. А козата сега викала ‘Свее. Свее. Свее!’“

Ова „свее“ е малку на српски затоа што подобро оди вицот. Ние дадовме буквално „свее“ и ќе не зафркава Бошњаковски, ни го спасил знамето и химната. Прашувам кога Грците барале да се промени нашата химна? Никогаш, ама баш никогаш. Тие мислат да не зафркаваат и да не мафтосуваат со тоа што ни го зачувале јазикот и ќе сме се викале Македонци. Епа уште тоа фалеше.

На прес-конференцијата на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, новинар на ТВ21 го праша дали со ваквите ставови на ВМРО-ДПМНЕ и натаму се поддржува проруското влијание во Македонија. Уште еден морон. До кога со тие глупости дека некој кога ќе се спротивстави на разнебитувањето на Македонците, тој бил проруски ориентиран? Тоа што Бојко Борисов отиде на баци-рака кај Путин не е проруски. Новиот италијански премиер во првото свое обраќање рече дека ќе работи на подобрување на односите со Русија. Пола острови и хотели во Грција ги купи Русите и тоа не било про-руски? Русите во Австрија имаат 20 милијарди евра инвестиции за една година, и тие биле про-европски, а ние про-руски?
Во изминативе 20 години сме се декларирале дека сме за НАТО и за влез во ЕУ. Променивме милијарда закони за законодавството да ни биде исто како европското. Голтаме жаби што не ни се голтаат и ги прифаќаме сите нивни глупости и ние не сме биле проевропски ориентирани? Не знам само зошто господинот Мицкоски требаше да им објаснува дека од Софија никогаш понатаму не отишол, и не знам зошто ние Македонците треба да бегаме од се што е руско само за да бидеме поголеми католици од Папата.

Дојдено е времето ние Македонците да им кажеме на сите, и на новинари на ТВ21 и на Американци и на сите останати – Баш ни е гајле за интересите на Русија и Америка и на сите останати! Со Русија си има проблем Америка, оти сака да се чепка ама не и држи задникот. Ние Македонците ниту сме имале, ниту ќе имаме проблем со Русите, а кој има проблем со нив нека си го решава. Ние Македонците сме заинтересирани нашето чаре да си го најдеме, нашите проблеми да ги решиме, и нашите интереси да ги штитиме. И баш ни е гајле и за Русија и за Америка.

Новинарот од ТВ21 е многу среќен со овој договор, а и со оној Бугарскиот во кој што ние се откажуваме од нашето национално малцинство. Значи, ние сме единствен народ во светот кој што нема национални малцинства во друга држава. Кој народ нема малцинства, тој не е ни народ. Да го запрашам новинарот на ТВ21 дали тие не се интересираат за нивниот народ на Косово? Или во јужна Србија, или во Црна Гора и Грција? Повеќе се грижат како им е на тие на Косово, отколку како ни е нам Македонците тука во Македонија, со кои тие секој ден го делат животот.

Референдумот треба да се бојкотира. Секое убедување на било кој од опозицијата дека треба да излеземе на референдум и таму да сме ги победеле ќе значи договор со власта за да го фалсификува референдумот, а ние само да го обезбедиме кворумот. Ако нема кворум, референдумот ќе биде неуспешен, власта ќе биде делегитимирана и потоа ќе се направи притисок за вонредни парламентанри избори, по кои што ќе мора да си заминат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This