КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Морон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Знаете што е демократија, одговорност, правна држава? Кога за пропусти за јавна набавка која се случила во 2012.година додека сум бил член на СДСМ и пропустот го направиле членови на СДСМ, истражните органи да дојдат истата таа 2012.година. Реваншизам е кога тие што биле должни да ја земат банкарската гаранција или да ја активираат, денес место заедно со мене да бидат обвинети од нив не се зема ниту исказ, а пред 15-тина дена имаа унапредување од новиот градоначалник на општина Карпош. За што? – За пропустите што ги направиле, а ги обвиниле своите колеги! Класична СДСМовска, покварена работа.

Ќе не суделе за наводна злоупотреба на службена функција, и потоа ќе се чудат зошто сум го опцул оној морон кој ми бараше изјава пред судот. Замислете, мене ме спроведуваат полицајци, ме носат на судење, а тој ми се згнал со микрофонот во уста да сум му дал изјава. Што идиот треба да си, да очекуваш дека ќе застанам да ти дадам изјава во невозможни услови, ниту пак тоа ќе ми го дозволат полицајците. Уште помалку сакам да ги ставам во непријатна ситуација недолжните полициски службеници.

Најмалку пак сакам во таква ситуација да му дадам изјава на новинар од телевизиска куќа која повеќе од 7-8 месеци не побарала од мене изјава, ниту ме повикала на емисија. Во се треба да се има достоинство. Не може да бидеш хиена.  Затоа со целосен респект кон оние новинари кои професионално си ја обавуваа својата работа и известуваа од целиот спектакл.

Вистинска правна држава е, кога истражните органи ќе затропаат на вратата на министерот за здравство, сега и веднаш, а не после шест години и го запрашаат – „Зошто ги групираше набавките за реагенсите на едно место? Зошто ти и твоите пријатели формиравте фирма во Белград пред три месеци? Зошто формиравте фирма во Македонија со ниту еден вработен на маил жути.ком? Кој друг ви помагаше во оваа работа?“.

Да го запрашаат премиерот, зошто го промени законот за јавни набавки и стави критериуми со кои се оневозможуваат фирмите да учествуваат на тендерите, зошто го укина Советот за јавни набавки? – Тогаш ќе бидеме вистинска правна држава. Кога секоја институција ќе си ја врши својата работа.

За тоа што ние сме го правеле во општина Карпош, документите се таму и нема каде да бегаат. Ама, на министерот Филипче му овозможуваме да го повтори делото, но строгоста се тренира на опозицијата. Кога тие беа опозиција велеа дека не го признаваат судот, за разлика од нив, ние го признаваме но од него бараме само објективност, непристрасност и ништо повеќе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This