КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Мојот брат лажов!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во моментот е актуелно тоа што Општина Карпош прави измени на детален урбанистички план за Карпош 3. Тој се однесува за оној дел кој опфаќа од ТЦ Карпош 3- Лептокарија се до трговскиот центар „Сити Мол“. Причината зошто се менува планот, е за да се вцрта паркинг простор до новата општинска зграда. Со вцртувањето на овие паркинзи се избегнува обврската на општината да прави второ ниво, подземни паркиралишта.Тие подземни паркинзи се и посебен проблем, затоа што после 5 ,20 метри длабочина, има силни извори на вода кои се буквално како река. Да се реши и изгради тоа второ ниво, заедно со исцрпувањето на водата кое би траело со месеци, специјалните изолации и другите зафати, ќе ја чинеше општината повеќе од 600.000 евра. Средства на граѓаните на Карпош. Значи, оваа измена се прави со единствена цел, Општината да ги заштеди овие пари и со истите да направи фасади,  лифтови, покриви, или за било која друга намена која е егзистенцијално побитна за граѓаните.

Во урбанистичкиот план нема ниту една, ама баш ниту една друга измена. СДСМ, како и по обичај,веќе прочитани и демаскирани организираат наводна граѓанска иницијатива за средба во 19.00 часот пред „Тинекс“ маркетот, лажејќи ги граѓаните дека се вцртуваат нови маркици, нови згради, се загрозува нивниот живот, и така натаму. И прават фама од изветвена приказна. Поточно, сé она што граѓаните „не го виделе“ (?!) вцртано во урбанистичките планови во 1998 година, кога градоначалник бил Сашо Кузмановски, сега ми го ставаат мене на „конто“, односно, ги убедуваат граѓаните како јас да сум тој што ги вцртал маркичките, односно како сега сето тоа за прв пат со овој урбанистички план да е предложено, а не две децении претходно.

На вечерашната средба, како и што се претпоставуваше, немаше никаква граѓанска иницијатива, туку само членови на СДСМ. Прозирни и јадни. А, главни ороводци им беа – претходниот претседател на ОО Карпош на СДСМ, како и сегашниот, некои советници и Петре Шилегов. Значи што би рекле во српските комедии: се „мој до мојега“, партиски лажомани кои функционираат по принципот „питај мога брата лажова“!

Ама интересно беше да се види дека и меѓу нив, внатрепартиски, не цветаат рози, туку се бодат како „рогови во вреќа“, сите гладни за функција. Кога почнал да зборува поранешниот претседател на Општинскиот одбор на СДСМ Карпош,  приврзаниците на сегашниот реагирале со зборовите „Кој му дозволи на овој да зборува?“. Значи, нив не им е цел ниту планот, ниту имаат било каква грижа за граѓаните, туку само зграбиле шанса и си нашле начин себеси да се промовираат!

Од друга страна пак, на истата средба вечерва присуствуваше и раководителот на Секторот за урбанизам на општина Карпош, како и уште една службеничка на истиот сектор, и секретарот на месната заедница Карпош 3. Раководителот на секторот за урбанизам во општина Карпош, дипл.архитект Благица Блажевска излезе пред нив со Урбанистичкиот план и им објасни дека сите маркици со висина од 22 метри се вцртани во далечната 1998 година, и дека срамота е советници и членови на СДСМ да ги манипулираат граѓаните од општината, особено на Карпош 3.

Е сега ова не им се бендиса, па седесињата, фатени во лага по којзнае кој пат и на дело за зулумот кој си го направиле уште пред 20 години, немаше што да прават, па почнаа да се кошкаат, да хистериреизираат, да вртат телефони, ја дотераа дотаму да сакаат да се тепаат. Арно ама, што и да сторат што и да речат се виде дека на лагата и се кратки нозете.

Десетина граѓани неупатени добронамерници, кои што беа дојдени покрај овие партиските, на дело ја видоа лагата на Социјалдемократскиот сојуз и си заминаа.Сфатија всушност која е „играта“.

Мисијата наа СДС не им успеа.

Е по овој терк лажеа и во Тафталиџе 1, на Варшавска и Букурешка каде што денес има детско игралиште, држејќи ги во напнатост и паника тамошните жители кои ги манипулираа дека ќе се градат згради. Кога мајсторите дојдоа да ги прават детските игралишта, лагата им потона како Титаник,вистината излезе на виделина, тие речисии полудеа од мака и очај што уште една перверзија не им пројде и повторно беа подготвени да се тепаат.

На ист начин им паднаа во вода и лагите за Карпош 4, за уништеното зеленило и сите салонски измислени деструкции.

Сепак најпоразително за граѓаните на Карпош, оние кои ги бирале ,а и оние кои не ги бирале а мораа да трпат, е што тие четириипол години не правеа ништо друго освен што лажеа и ја манипулираа јавноста. И не се наситија. И денеска, кандидатчињата за градоначалници кои на собирот се гледаа како препрегнати волови , мислеа дека по којзнае кој пат ќе ја направат истата финта. Ама, не им дозволивме.

И, нема да им дозволиме повеќе!

Ниту една лага повеќе нема да им помине. За становите во секоја зграда, за исечените илјадници дрва, за уништените зеленила, за наводото мито и корупција. За сите интриги и измислици до крај ќе ги разобличиме.

Четири ипол години во општина Карпош, СДСМ еднаш не излегоа да кажат нешто конструктивно, нешто од полза за граѓаните.Од обичен пример: Овие две светилки сметаме  дека не требаат да стојат на оваа, туку поприоритетно е да се стават на некоја друга улица. Или наместо една, да асфалтираме друга улица. Или наместо една фасада, приоритет на пример треба да биде некоја друга фасада. Нема такви предлози. Нема никакви конструктивни идеи. Само лаги и деструкции.

И што е најтажно од се, онаа која што предничи во овие лаги, обземена со злоба, жолч и хистерија, е поранешна вработена во општина Карпош, а сегашен советник од СДСМ.

Инаку таа, зема пензија од општина Карпош, а работна обврска и беше да обезбеди венец или икебана за 18-ти август кога Општината положува цвеќе на Првиот скопски партизански одред. Или пак, на 25 фебруари кога е загинат Кузман Јосифовски-Питу да се положи цвеќе на неговиот споменик до булеварот „Теодосиј Гологанов“.

Дополнителна работа и беше, ако во меѓувреме почине некој од бившите градоначалници да обезбеди и за него венец. И, така цели 35 години.

Таа жена имаше доволно време за сплетки, манипулации, но исто така е многу вешта да се прилепи до новото раководство кога старото ќе го сменат во општинската организација на СДСМ. Таа секогаш беше со новото раководство, и задолжително беше на чело кога треба да се менува тоа исто раководство. Значи, има невиден инстинкт за преживување и за себепромоција. Нејзината улога како советник во општина Карпош е да изигрува дворски шут. Честопати ги засмејува советниците со небулозите што ги кажува, и истите не можат да се изначудат како кутрата за 35 години толку малку научила од работата во локалната самоуправа.

Одговорот на прашањето веројатно лежи во нејзиното недооформено образование. Злобниците ќе кажат „па и Тито, Лех Валенса, Бил Гејтс се без виско образование.“ Да, ама во секое правило има и исклучок-ете таа е исклучокот.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This