April 26, 2024, 10:25 pm

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Начукување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Црвениот тепих е послан, во ниви родни.Смешно до немај каде. Нормално таму се дава изјава на нарачано прашање секако. За што друго би се дало изјава освен за името. Случајно медиумите да се договорат, наредниве 30 дена ништо да не информираат за преговорите за името, тогаш ќе се види дека владата ништо не работи. Главна вест е, ќе го продавале шутрациве мерцедесот, ама не објаснуваат со кои автомобили-блиндирани ќе ги возат странските државници. Не кажуваат дека ќе изнајмуваат возила од Бугарија или Србија, колку тоа пари ќе чини? За 3 години потрошените шестотини илјади евра за актуелниот мерцедес, наспорти трошоците за изнајмување ќе бидат мала беба.

Изјава даде З.З. за името се разбира. Насмеан, насмеан, насмеан дури до уши. Ми заличи на Софија Лорен. Во устата се разбира, и осмехот. Што ни соопшти?

Од седум точки за кои преговарале со грците три биле решени. Па нели за идентитетот не се преговара бе!?

Што значи тоа од седум, три се веќе решени? Тоа значи на три прашања веќе ни го начукале грците. Да не случајно овие три прашања се решени во наша корист!?

Важно е дека тој се смее. Дете кое се игра бегрижно покрај голема река исто така си се смее. Не се свесно дека реката може да го однесе.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This