КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Перформанс или перформанси?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера премиерот и министерот за финансии одржаа заедничка прес-конференција. Вообичаено за економските достигнувања на земјата во изминатата и проекциите за наредната година зборува министерот за финансии. Притоа тој треба да ја образложи макроекономската политика, фискалната политика и своите проекции да ги усогласи со проекциите на НБРМ. На оваа конференција 90% од времето зборуваше премиерот, а останатите 10% министерот за финансии.

Веројатно многумина ќе ми речат да молчам и да не ги критикувам. Ама, не можам. Или си интелектуалец, или не си интелектуалец.

Погледнете му го бре луѓе обраќањето на премиерот Заев на оваа прес-конференција. Десет пати го употреби зборот „перформанс“. Зборува за „перформанс“ на администрацијата, за „перформанс“ на буџетот и за разни перформанси. Ќе му објасни ли некој на човеков дека „перформанс“ значи настан, случување – додека зборот „перформанси“ значи карактеристики.

Втора „зелена“ му беше зборот „резервар“, па така наместо да каже дека „банките имаат свои резерви“, тој вели дека банките имаат свој „резервар“. Втор пат кажа дека и буџетот имал „резервар“. Абе луѓе, „резерви“ треба да каже, не „резервар“.

Е, сега малку околу стручноста. Тие се пофалија дека оваа година има најголем степен на искористеност на капиталните инвестиции. Дури 19.860.000.000 денари. Минатата година капиталните инвестиции биле 16.996.000.000 денари. Тоа значи дека оваа година сме имале поголеми капитални инвестиции за дури 3 милијарди денари, или во евра тоа е околу 50 милиони евра.

Втора работа со која се пофалија е дека имаат 4.6% зголемени даночни приходи кај сите даноци. Е, ај сега нека ми објаснат тој и „експертите“ што седеа заедно во министерството финансии, како е можно да имаш зголемени капитални инвестиции за 15% од минатата година, и зголемени даночни приходи од 4.6%, а БДП да ти пораснал само 0.5%?

Не може да остваруваш повисоки даноци, а да имаш намален раст на БДП. Наплата на зголемени даноци е поврзано со зголемена стопанска активност. Ако е тоа така, растот на БДП би требало да биде поголем. Инаку, овие 50 милиони евра поголеми капитални инвестиции од минатата година претставуваат 0.5% од БДП-то на Р.Македонија. Некој овде лаже!

Или пресметката на БДП-то не им е како што треба, или нема толкави капитални инвестиции, или пак сме имале повисок ценовен раст односно, инфлација, и како резултат на тоа дошло до зголемени даночни приходи. Но, тие велат дека инфлацијата се држи на ниско ниво. За жал, бидејќи многу сакаат да дебатираат сеуште ги нема јавно да издебатираме за бројките. Почнаа и тие да боксуваат пред огледало, а не да се соочат со тие што нешто знаат, па дури и со политичките противници.

Од друга страна, премиерот Заев многу се колнеше во капиталните инвестиции, па дури на наместено прашање одговараше за измената на урбанистичкиот план на Визбегово за што имале потреба инвеститорите. Тој им порачува на инвеститорите мирно да си ги планирале инвестициите за следната година, многу ќе била убава. Од една страна ќе правеле планови за инвеститорите, а од друга страна во договор со Уставниот суд праќаат дописи за поништување на урбанистички планови со што ќе ги запрат инвестициите во делот на високоградбата. Како што наумиле да ги запрат инвестициите во високоградбата во Центар и Карпош. Инаку во овие две општини во моментов има инвестиции речиси 200 милиони евра. Е, овие 200 милиони евра се 60% од неговите капитални инвестиции што значи ако ги запрат и ако им ги поништат плановите проектираниот БДП за наредната година од 2.7% ќе им биде мисловна именка.

Не случајно многумина, за жал и членови на СДС за новата власт велат, цитирам: „Не знаат кај тераат“.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This