КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Плачкото во акција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Локалните избори во Карпош ги загубив. Чесно ги признав уште на 30% преброени гласови. Дали СДСМ крадел, што правел со вишокот ливчиња, кои далавери ги правела општинската изборна комисија и избирачките одбори, не е важно. Стефан Богоев е градоначалник и тоа е факт, кој јас го респектирам. Сметам дека една година треба да го оставиме момчето да работи, и да покаже што знае. Иако многумина се чудат како тој победи, и прогнозираа дека ќе биде лош градоначалник, јас сметам дека е коректно да му дадеме една година и можеби тој ќе не демантира со квалитетни проекти, со ангажираност, посветеност на работата, еднаков третман на жителите на општина Карпош. Едноставно, ќе биде подобар од мене. Ќе бев среќен да е така.

Досега не сум го напаѓал, иако има работи со кои не сум се согласувал, освен тогаш кога јавно ме напаѓал.

Тој упорно се обидува својата неспособност, неснаоѓање со претешката функција градоначалник, да ја покрие со приказни за енормна задолженост на општина Карпош. Колку е неспособен, и колку не знае, дури не знае и долговите во општината да си ги изброи. Па ги множи по три и пол пати, за демек, народот да има повеќе грев и разбирање зошто детето не работи ништо. Едноставно, тој не е крив туку некој пред него. Инаку, да не е така момчето би бил локален Марадона.

Јасно беше како ден што ќе се случи од дете кое има 28 години. Ниту еднаш во животот не станал наутро да купи леб и млеко, сеуште спие на детски кревет 90х190 и што би рекол почитуваниот Јован Андонов, барем еден кокошарник да направел.

Кажува приказни дека јас сум трошел 400.000 денари гориво, а тој само 65.000. Имајќи во предвид дека шести месец е градоначалник, а во општината се работи на два проекти, изработени, тендирани од мене. Тоа е градинката во Бардовци и рушењето и изградба на нов депанданс во градинката „Мајски цвет“ во Тафаталиџе. Треба да го запрашаме за што ги троши и овие 65.000 денари месечно бензин. Не работат ништо. Шљокаат виски, собираат аванта и си прават по некое кривично дело. Демек, да стигнел извештајот од ревизорите со кој што многу ме уплаши, ќе поднеле две-три кривични пријави.

Јас бев градоначалник од 2000-2003, па министер во три влади, и од 2009. година до октомври месец минатата, градоначалник на општина Карпош. Досега имам ставено потпис на преку 850 милиони евра. Па што е две-три кривични пријави на 15 години обавување на врвни и локални државни функции и ставено потпис на толку многу документи. Проблемот е што тој за само пет месеци ќе се изедначи со мене во кривични пријави, а кутриот поима нема каде ја утнал работата. Ја утнал и тоа инфлагранте. И ние знаеме, и си го чекаме. Да не случајно мисли тој, и неговите, дека му се плашиме. На толку неработење, треба да си вонсериски талент за толку кратко време да направиш толку кривични.

Кажува приказни дека општина Карпош имала 430 вработени, за да народот каже „Ваууу! Што е ова?“. Дури и колегите соговорници како што слушам се согласиле дека тоа е премногу. И јас се согласувам дека тоа е премногу. Па ако е премногу, нека одговори, зошто парите за плата за привремените вработувања ги намали само за два милиони денари. Ако еден вработен има просечна плата од 25.000 денари на годишно ниво, тој одлучил да го намали бројот на вработени за само осум лица. Значи, тие луѓе биле потребни. И него му требаат, во спротивно бројката би ја намалил драстично, а со тоа и финансиите.

Им бодеше очи „Карпош Соколи“ и многу ги мачеле успесите на клубот па си ја пее песната дека сме давале 750.000 евра за Соколите и дека тоа биле многу пари. Но, не кажува дека секој буџет го гласале сите советнички групи едногласно. Со 750.000 евра Соколите го освоија Купот на Македонија, играше во финале на Македонската Лига и загуби во мајсторка од МЗТ, беа осми во АБА Лига, учествуваше во квалификации за Лигата на шампионите и се натпреваруваше во ФИБА купот, а игравме и во БИБЛ Лигата. Ако се овие пари за Соколи многу, со вакви успеси,тогаш нека кажат за што ги троши СДСМ и Богдановиќ 800.000 евра за КК „Работнички“ кој не игра никаде надвор, односно најдалечната дестинација на натпревар им е Гевгелија и Охрид. А, Соколи си ги „плескаа“ како бивол во зелка, 11-1.
Кој е овде неспсобен? Тој што се натпреварува во пет лиги, од кои четири меѓународни или нивниот „Работнички“ кој се претвори во маалски клуб за лечење на фрустрации на навивачот Богдановиќ.

Слушнал ли некогаш некој граѓанин, додека јас бев градоначалник, дека општина Карпош нема пари? Од пиле млеко имаше општината. Нема човек кој е вратен, а да не му е помогнато. Откако јас дојдов помагавме на болни, социјални случаи, опожарени, талентирани спортисти, самохрани родители, пензионери, талентирани ученици. Правевме кровови и фасади. Во цел Карпош останати се уште седум улици за реконструкција од вкупно 240.

Инаку, да му објаснам на момчето дека за осум години имам добиени четири меѓународни награди за успешно раководење со општината, и добро менаџирање со финансиите. Во Европа нема градоначалник кој за толку кратко време освоил толку награди.

Пред три години еден мој пријател од Центар Жупа ми вели вака: „Стевче кај нас во село владее мислење дека најбогата фирма во Македонија е Телеком, па следна е општина Карпош.“
Ова јасно покажува каков впечаток сме оставиле кај граѓаните. Мојот концепт беше да покажеме моќ, да покажеме водство и општина Карпош да биде водечка општина во сѐ.
Неговиот концепт е да вика – немаме, сиромаси сме, задолжени сме. Па мора да вика така, затоа што не може да рече – не знам, неспособен сум, ова е премногу за мене, што ми требаше оваа работа.

Значи неговата, а и филозофијата на неговата партија е плачење.

Граѓаните не веруваа дека ќе им се случи „Тиранска платформа“. Па им се случи. Не веруваа дека новото градоначалниче ќе им плаче, а нема ништо да работи. Па сега им плаче. Не ги прима граѓаните, не разговара со нив.

Еве еден краток совет беспари: Проблемот не е во долгот, туку во приходите. Треба да се растрчаш да обезбедуваш приходи за општината за да можеш да одиш напред. Сегашниот градоначалник на Карпош за време на работа си игра Плејстејшн (Кантер страјк со другарите). Повторувам, за време на работа. Затоа што не знае што да прави со функцијата, туку само вие, реди како на гробишта. Нека продолжи да вие. Што мислеше, јас ќе му ја оставам општината со пари? Како за мене така за него.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This