КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Рикверц!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Опааааа! Власта почна да вози во рикверц, досека газеше како ваљак се пред себе, а од саботата што би рекол татко ми, добија по музиката. Од саботата им стана јасно дека на референдумот ќе го јадат стапот од народот, односно народот ќе им каже дека тоа прашање не заслужува одговор.

Сега стапува на сцена лажоманот белосветски, па нели до вчера викаше предвремини избори не му паѓаат на памет, од саботата ретерира по кој знае кој пат, ама сега вика дека можни се предвремени парламентарни избори затоа што е свесен дека на референдум народот нема да му излезе.

Е сега моја опозицијо! Сега доаѓа твоето време, сега треба да го печеме како што тој не печеше од 2015та до 2017та, сега треба да му поставиме 100 услови, треба да го натераме еж да роди. Прво, Државната Изборна Комисија не треба да му дозволиме по ниедна цена да ја прави. Второ, изборниот список, нормално не му се чист, барме да го исчисти. Трето, техничка влада не четири, туку шест месеци пред избори и не два туку четири технички министри за опозицијата. Четврто, нов изборен закон. Петто, нов закон за финансирање на партиите. Шесто, прифаќање на законот за амнестија. Седмо, Јавниот обвинител да биде предложен од опозицијата. Осмо, директор на државен завод за ревизија исто така. Итн итн до барање број сто.

Решил тој, заедно со албанските партии да ни го смени името, е мало морген! Во барањата мора да се состои и економсиот аспект. Како што е смена на министерот за финансии, смена на министерот за економија, потпретседателот на владата задолжен за економски прашања и распушптање на сите советници од премирескиот кабинет кои погрешно го советуваат. Е сега синко, да те крстиме во опозиционо котле како ти што не крстеше нас.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This