КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Само тоа знам!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако по утрото денот се познава, на повидок е режим. Уште не им поминале 100 дена, сила покажуваат! Но, на кого ја покажуваат силата? На своите граѓани. Вчера, на информативен разговор привеле двајца демонстранти од здружението „Блаже Коневски“ кои истуриле зелена, црвена и бела боја (боите на Бугарското знаме) пред МНР. Луѓето протестирале против договорот со Бугарија, и кога ја истуриле бојата на Заев му порачале дека со шарена револуција дошол на власт, со шарена ќе си оди. Што лошо рекле луѓето, за да бидат приведени? И, им била пишана пријава за да платат казна од 100 до 400 евра. Ако полицијата на Чавков вака приведуваше и пишуваше пријави судскиот буџет сигурно ќе се наполнеше со милион евра.

Но, денеска видовме како изгледа новиот живот. Три-четири момчиња во стариот трговски центар си протестирале со транспарент „Против војни за профит“. По мене, сосема легитимно и ја погодиле работата точно во центарот. Се спремаат нови војни за да нечии компании остваруваат профит. Што има анти-државно ако некои млади деца се одважиле јавно да го соопштат својот страв од војна?

Колку што разбирам, овие млади луѓе беа од „Левица“ кои и денес имаа интересна прес-конференција на која кажаа една многу паметна работа. Со демонстрирање на НАТО војската во Македонија, ја отвараме вратата за да си ги донесеме терористите дома. Парафразирам.
Сосема се луѓето во право, се чепкаме каде што не нѐ чеша, влегуваме во игри кои не се наши, а потоа нема да бидеме кадарни да го издржиме ударот. Сосема е оправдана загриженоста на граѓаните и сосема легитимно на претставниците на „Левица“ да го кренат својот глас.

Чавков и неговите полицајци не употребија сила кога на полицајците им беа кршени вилици со бекатон коцки, кога се палеше претседателската канцеларија, кога бездушно се уништуваа фасади и се сквернавеа објекти, и не употреби сила ниту на 27 април во Собранието. Новата „демократска“ власт уште на почетокот покажува сила, и веројатно ќе ни ја пее песната „како денес, така вчера, така утре пак и ви велам вам, само тоа знам“. Го заборавивте ли тепањето од СДСМ на Битпазар, Куклиш, Мала Речица, Гостивар, Радолишта, го заборавивте ли тепањето во Ѓорче Петров врз луѓето кои протестираа против бегалскиот камп? Но овој пат се мислат дека се многу посилини, Америка стоела зад нив. Затоа демонстрираат сила, и ги пратиле полицајците да виткаат раце на голораки и голобради момчиња. Срамота! Ова ли е животот, ова ли е транспарентноста, и каде е дебатата? Полна му беше устата на Заев со дебата па дебата, а во последниве 30-ина дена нешто слабо ја спомнува, и наместо на дебата тој на затворена седница одлучи, ноќе, да ни влезат во Македонија 300 Американски војници, и без дебата ќе потпишува договорот со Бугарија.

Ај што нема да дебатираме и уште ни се заканува со казни и цензури, ако зборуваме или пишуваме против Бугарија. Ќе зборуваме, пишуваме и ќе протестираме. Немаме намера ниту него, ниту Бугарите да ги ланчаме. Кој се дружел со Хитлер и кој му слугувал на Вермахтот ќе се вика фашист и никако поинаку. И никакви закани, виткање раце и казни нема да не спречат во тоа!

Моето мислење е, помалку да се шета и да ни демонстрира сила со американските оклопни транспортери, помалку да им се заканува на инвеститорите дека ќе им ги преиспитал субвенциите, да се зафати малку со економијата, оти брзо ќе му пројде медениот месец.

Ова што го направија со „Левица“ и со казните за здружението „Блаже Коневски“ нема да им донесе добро.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This