March 29, 2024, 12:22 am

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Селска казаница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Присуството на незадоволните граѓани од режимот на СДСМ на вчерашниот митинг рака на срце не беше со ништо попречуван. СДСМ-овската власт беше мирна. Немаше носење автобуси на вонредни технички прегледи, немаше запирање на наплатни рампи и други стари полициски трикови. Зошто? – Па затоа што беа сигурни дека нема да има доволно народ. Си мислеа – ќе ги оставиме, нека љуфнат, ќе се избламираат и потоа отворен ќе остане патот за дотолчување на опозицијата. Но, се прејдоа.

Инаку, сабота е лош ден за митинг. Особено на почеток на јуни. Сѐ уште има матурски вечери, прослава на 10 и повеќе годишнини од истите. Сабота е ден за свадби. И викенд е. Значи имаше многу предуслови присуството да биде ограничено. Ако на ова се придодадат и заканите, стравот што го сеат кај вработените во администрацијата, јасно е дека тие очекуваа опозицијата да доживее фијаско.

Од вчера нема да биде ништо исто.

Ќе се осоколат многумина, но и ќе се запрашаат многумина, што прават и дали и натаму ќе ја поддржуваат оваа тотално неспособна, квислиншка однародена власт. Излегоа и многу луѓе кои не се членови на ВМРО-ДПМНЕ или било која коалициона партија.

Го паркирав моето возило на ул. Борка Талески, во Карпош се разбира, каде што не се плаќа паркинг. Тргнавме со сопругата и двајца пријатели. На портата од еден двор забележав две госпоѓи како разговараат, но продолживме, кога една од нив извика – „Кај си бе Стевче!“. Се вратив и се поздравив со нив, нормално се прашавме како сме, и тие мене и јас нив. Гледам едната жена носеше бела маичка на која пишува „За живот во Македонија“. Си реков, госпоѓава е симпатизер на СДСМ. На крајот им велам „еве ние малку одиме да се прошетаме“. Ми беше непријатно да им речам дека одиме на протест кога пред мене гледам симпатизери на власта, но, што би рекле Црногорците „види чуда великога“. Госпоѓата во белата маичка ме изненади, вели „одете, одете моите веќе одамна отидоа“.

Опааа! Ќе се тумбаат работите, него како! Не може бе братче, мито да бараш и сите будали да не правиш додека те ослободуваат твоите судии. А, од друга страна Груевски да го жилавиш за „Мерцедесот“, за шамарите и за останати глупости. Мислат глупав е народот. Па нели Груевски украл 5.5 милијарди евра? Досега можеа да најдат барем 100.000 евра, и за нив се лежи. Нормално. Барем малку ќе ги задоволеа, ќе ги покриеа нивните лаги. Една приказна верглаат цела година – името па името. Му се окомиле на името – да го сменат, па да го сменат. Не само името, туку да ни го променат и идентитетот, да не може да се употребува зборот „Македонски“, да нема Македонски јазик, да ја ревидираме историјата, да нема Македонска народна музика, од преамбулата на Уставот да се избрише дури и АСНОМ. Верувале или не, од Уставот на Р.М. бараат да има преку 200 измени. Да го сменат името и на црквата. Што е многу, многу е! Комплетно да не обезличат. Што вели татко ми – „мој мој, па преку мој“. Епа на народот ќе му дојде преку…

Да сме немале идентитет.

Замислете, Србите и Хрватите се спорат околу „Синска алка“. Околу тоа чија е манифестацијата, српска или хрватска. Хрватите сакаат да ја впишат како културно наследство во УНЕСКО. Хрватите сакаат да им ја одземат „Бокељската морнарица“ на Црногорците. „Бокељска“ значи морнарица која оперирала во Бока Которскиот залив кој е црногорски. Таа традиција Црногорците ја негуваат. Жив сведок сум како секоја година „Бокељската морнарица“ на градоначалниците на Бока Которска и на Тиват на денот на општината им предаваат рапорт, изведуваат церемонијален танц, и почесна стрелба. И едните и другите велат, тоа културно наследство го создава идентитетот на едната и на другата нација.

Словенците и Хрватите ќе се потепаат за 200 метри море во Пиранскиот залив, а нашиве лудаци се ќе дадат, ништо не им е свето затоа што си го дале задникот под кирија, па сега освен оваа квислиншка приказна, немаат друга. Економски резултати, нема! Нема ни да има, со тапа министер за финансии, со министер за економија на кој не му го ни знаеме името, со министер за земјоделие кој повеќе мисли дека е министер за надворешни работи, со потпретседател на влада задолжен за економски прашања кој повеќе мисли на својот бизнис отколку на државните работи.

А, градоначалниците? Што да кажеме. Да поченеме од Запад.
Тој на западниот дел од Скопје не се трезни од кафана – или е во кафана или е во кладилница. Оној до него се затворил како була во кабинетот и си игра „Кантер Страјк“ со другарите; оној на кој главата му стана колку стомакот најголем дострел му е мораториум на издавање на градежни дозволи, а ги издава само таму каде што „лапнал камче“; Аеродромецот не знае ни каде се наоѓа; за оној што е најблиску до погребалното не ни слушаме нешто за него; а „митрополитот“ нивни – скопски, нон стоп му е врзан јазикот од алхохолот па не знаеш што му е поматно, умот или јазикот – само жолч, омраза и навреди од неговата уста излегува. Сѐ уште мисли дека е опозиција. Не се чувствува човекот како градоначалник на сите граѓани на метрополата.

Го видовте ли вчера со какви навреди изрече на сметка на оние кои дојдоа на протестниот митинг? Ѓубрето го исчистил. Ѓубре збори за ѓубре. Што мислеше тој, за што е избран? – Па да мете ѓубре, тоа му е работа. Не му е ова второстепената комисија за решавање на предмети по жалби каде само трпаше „аванти“, туку како градоначалник треба да се бави со есенцијалните потреби на граѓаните на Скопје. Ќе чисти ѓубре, ќе си засука ракави, ќе обезбедува вода, воздух, косење трева, градски превоз, градски гробишта, гаснење на пожари, оти за тоа е биран. Магарето не го викаат на свадба оро да игра, туку вода да носи.

Со еден збор, каде и да погледнеш на сите нивоа на власта, локална или централна, блика од неспособност, незнаење, неинвентивност, безидејност и смрди. Смрди ли смрди. На алхохол се разбира. Не знаеш кој повеќе пие – градоначалниците, нивните шефови на кабинети или пак нивните секретари. Уќуматите им мирисаат на селска казаница.

И после народ им се собрал. Ќе се собира, и тоа како???

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This