КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Тексас!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Црниот петок“ направи огромна штета на Р.Македонија и на целиот процес околу преговорите со името и договорот со Грција. Сакале ние да признаеме или не, вистинска интернационализација на Македонското прашање се постигна со 30.септември. Македонија како мала држава, Македонците како мал народ се спротивставија на НАТО и ЕУ. Извештаите на странските медиуми беа дека Македонците не се подготвени да го променат името. Ова мораше да се искористи. Факт е дека западните влади иако, референдумот беше неуспешен го прогласуваа за успешен, но медиумите, односно светската јавност го оцени како неуспешен. Вториот обид за промена на името беше во парламентот. Ако и ова го издржевме, надворешната јавност не е глупава, знае, дека и под затворски уцени пратениците издржале. Тоа ќе беше квалитет повеќе во афирмација на Македонското прашање и тогаш сакале или не, западните дипломати ќе мораа да бараат ново решение. Тука требаше да дојде до израз нашата дипломатија. Но, очигледно дека Зоран Заев премногу е должен кон Западот и свесен дека му се подготвуваше „свилен конец“, тргна кон брутални уцени на дел од пратениците .

Ова не го говорам на памет. Имаме пример на север од нас. Косово и неговото признавање од страна на Србија. Признавањето и членството во Обединетите нации беше речиси завршена работа. Но, не попушти Коштуница, Џинџиќ, па Мирко Цветковиќ и Тадиќ, а сега не попуштаат ниту Брнабиќ и Вучиќ. Што е најинтересно, освен Чедо Јовановиќ другите сите од опозицијата го критикуваат Вучиќ зошто воопшто преговара. Значи, Србите издржаа. Не го признаа Косово и не дозволија негов прием во ОН. Дури започна и реверзибилен процес. Земји кои што го признале Косово, го повлекуваат признанието – засега седум. Дачиќ ветува дека до Нова Година бројката на оние што го имаат признаено Косово ќе падне под 100 држави, и како што тој вели, оваа земја од нивно чедо (Западните земји) се претвори во нивен проблем. Видете чудо, што се случи. Сега Американците ги молат Србите да запрат со процесот на укинување на признавањето на Косово, па сега не бараат од нив признавање туку прифаќаат и размена на територии.

 

Јасно е дека со Западот може и на поинаков начин, но само треба машки да се издржи. За жал, предавниците на чело со Заев, наместо „црниот петок“ да го искористат за маневар тие не продадоа. Нашата дипломатија и дел од државниот врв воопшто немаат желба за борба, не знаат, ги мешаат поимите за национален интерес и Македонија е ставена на автоматски пилот. За жал, оваа наша државичка постепено се „косовизира“. И во Косово, Тачи и Харадинај прават тоа што ќе им кажат Американците, исто како кај нас. Во Косово се крши Уставот, исто како во Македонија. Таму сега донесоа закон за формирање на Војска на Косово, иако според нивниот Устав тие немаат војска. И, бидете сигурни дека ако Србите го обжалат овој закон на нивниот Уставен суд, тој или нема да ја разгледува таа точка, или ќе им ја отфрли иницијативата – исто како што се случува во Македонија. На Косово не функционира правната држава, како и во Македонија, постои спрега помеѓу политиката и правосудниот систем. Пример за тоа ни е оној Исмаиловиќ (еден од обвинетите за Смилковско езеро), кој не го екстрадираат со години.

Едноставно, таму „Тексас“, тука „Тексас“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This