КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Хаос!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ви велам јас дека на Америка не и цветаат ружи. Во Обединетите нации освен Австралија и Канада, останатите земји членки на Советот за безбедност не ја поддржаа одлуката на Трамп да го прогласи Ерусалим за главен град на Израел, кон оваа одлука се приклучи и стратешкиот партнер на САД – ФИРОМ. Хаос! Не знаеш дали навистина сме против Израелците или сме против Американците. Веројатно ние сме за Сорос. Па бидејќи Сорос одработува против Трамп, па и ние да му удриме контра.

Шегата настрана, ова е голем пораз за САД. Го губи влијанието во Јужното Кинеско море. Оној тенџерко од Северна Кореја бува не го пецка, на секој 40 дена им испраќа по една ракета и како што тој вели, веќе неговите нуклеарни ракети имаат дострел и до 10.000 километри.

Сирија е завршена приказна. Операцијата „Арапска пролет“ не успеа до крај. Што би рекол мојот покоен чичко – во Сирија добија по музиката (муцката). Ај што Русија им одржа лекција туку и го прошири своето влијание во Ирак, Иран, Саудиска Арабија, Катар и сега отвара воена база во Египет. Најинтересно е што на сите овие земји Русија им продава оружје.

Соборувањето на Таип Ердоган не им појде од рака. Напротив, го разлутија и сега Турција се вооружи со ракети С-400 и тоа од руско производство и се во голема љубов со Владимир Владимирович Путин. Мадуро не им се дава во Венецуела дури и ќе менува валута, ќе преминува на биткоин. Тука на Балканот, Вучиќ си ги работи стручно. Додик во Српска не ги ферма, а Дачиќ им отчита лекција дека нема да го слуша Хојт Ји кој е пак заменик на помошникот, односно на стрина ми золва – деверична. Дачиќ вели, ако сакаат да ни кажат нешто, нека дојде Трамп. Како што доаѓа Кси Џинпинг, Медведев или Путин. И чао.

Орбан игра своја игра во Унгарија. Во Украина операцијата не им успеа, да седнат на прагот на Москва во Крим, трпат поразци во Доњецк и Луганск. Тоа значи дека Американскиот хаос се повеќе ќе излегува на виделина затоа што светот веќе не е еднополарен, туку мултиполарен. Колку и да сака САД ова на може да го издржи. Илјада милијарди воен буџет, се многу за целиот свет, а не пак за една земја како што е Америка. Како и да е на долг рок тие огромни воени трошоци ќе станат неиздржливи како што беа неиздржливи и за Советскиот Сојуз, па мораше да повлече 500.000 војска и да го растури Варшавскиот пакт.

Затоа треба да се издржат притисоците во Македонија. Ќе си имаат тие во 2018-та поголеми маки од Македонските, времето ќе биде наш сојузник, а потоа треба да си го гледаме нашиот интерес.

Отстапките на Бугарија и на Грција не треба да им се направат, името не смее да се даде, и договорот за добрососедство со Бугарија треба да се отфрли. Ќе се сменат работите.

Опозицијата ако по овие прашања, особено околу името биде конструктивна, кооперативна со владата за да ја подели одговорноста со нејзе и ако учествува во предавството на Македонија граѓаните ќе ја маргинализираат. Активни ќе останат само патриотските сили во Р.Македонија.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This