КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Јасно како ден!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред отприлика еден месец нашето „дувни ветре развигорче“ им се извинуваше на Бугарите затоа што рекол дека Илинденското востание е наше. Ова извинување и наводниот лапсуз не го направи случајно, туку, строго наменски, а на крајот од писаниево ќе ви кажам и зошто.

Постојат обиди од страна на Бугарите да се стави равенство помеѓу Илинденското и Илинденско-Преображенско востание. Тие ја отвараат дилемата дали тоа треба да биде „Илиненско востание“ ; „Илинденско-Преображенско“; или пак „Преображенско-Илинденско“ востание. Се обидуваат на било кој начин да докажат дека овие две востанија се раководени од еден центар – Софија и дворот на кнезот и наводно имале една иста цел, обединување на Македонија со Бугарија. Но, баба ако лаже – траг не лаже. Има документи, и тоа `блгарски. Разбира се. Докмуентите го кажуваат следново:

    • Во Бугарија по Илинденското востание, пред и по Балканските војни и Првата Светска војна како и пред Втората Светска војна имало голема Македонска емиграција која дејствувала преку организирани друштва. Според постојната документација, прославите по повод Илинденското востание почнале да се организираат во Бугарија од страна на Македонската емиграција пред Балканските и Првата Светска војна и тоа по сопствена иницијатива. Организирано прославување на Илинден настапува со формирањето на Илинденската организција во 1923. година со задача друштвото да ги негува традициите на Македонската револуционерна борба, да се популаризира Македонската историја, хероизмот и Македонското самосознание. Во нивна организација се започнало со одбележување на годишнината од убиството на Македонските револуционери. Една од главните активности на друштвото „Илинден“ е чествувањето по повод Илиненското востание. Непосредно по завршувањето на Првата Светска војна во 1919. година во чест на загинатите од Илиненското востание, била одржана панихида на емигрантите од Крушево во црквата Св.Спас како и во црквата Св.Недела. Во 1920. година македонските емигранти во Бугарија исто така го чествувале празникот Илинден со панихиди.
      Поорганизирано чествување на Илинден од редовите на македонската емиграција почнува од 1921. година. Прославата во Софија била организирана од софиското друштво „Илинен“. По одржаната панихида, било одржано утро со литературно-музички дел, и народна веселба во која учесниците биле обележани во Македонски народни носии. Чествувањето на Илинен продолжило и во наредните години со панихиди во црквите, говори за значењето на Илиненското востание и посети на истакнатите македонски револуционери, а се организирале и веселби. Прославите станувале се помасовни. Во 1920.година во Софија учествувале 10.000 лица, а во 1924. година дури 30.000 луѓе.
    • Во големиот број написи во гласилото на илиненската организација за значењето на Илиненското востание за македонскиот народ со ниту еден збор не се споменува „Преображенското востание“ кое започнало на 17. август 1903. година. Чествувањето на Илинден во 1923. година било збогатено и со пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во просториите на Илиненската организација во Софија, а на 2. август, неговите посмртни останки биле пренесени во црквата Св.Недела каде неговиот саркофаг останал до 5. август, а потоа е пренесен во канцеларијата на Илиненската организација.
    • Интересно е да се напомене дека од 1924. година одбележуањето на Илинден од страна на македонската емиграција во Бугарија започнува да добива политички карактер, затоа што од страна на Националниот комитет бил воведен посебен Ден на Македонија со што Илинден бил сведен само на патронен празник на илиненската организација и покрај фактот  што Илинен за македонската емиграција во Бугарија бил: „симбол на Македонската борбеност“ и „Македонски ден“ и истиот „го симболизира најголемиот момент во историјата на Македонското револуционерно движење“. Со воведувањето на Ден на Македонија, Националниот комитет сметал дека со време ќе се изгуби споменот за Илиненското востание меѓу македонската емиграција во Бугарија, со смртта на последниот член. Па затоа од 1924. година до 1928. година, Илинденската прослава добива поскромен карактер. Во 1928. година прославата била одложена поради убиството на Александар Протоѓеров. Наредната 1929. година исто така било одложено, а од 1930. до 1932. година се одржувале само панихиди без други прослави.
      Многу е значајно да се каже дека 30-годишнина на Илиненското востание не била одржана зошто „управата на претстолнината“ го забранила.
    • Дури во 1939. година одбележувањето на Илинден добива државен карактер. Така во Варна присуствувал градоначалникот на градот, а во Софија поголема група државни претставници ја посетиле организацијата Илинден. На прославата во 1940. година по одржувањето на панихидата и молитвата Св.Недела, претседателот на Народното Собрание Никола Логофетов од името на Бугарскиот народ им се заблагодарил на паднатите учесници на Илинденското востание и им посакал добро здравје на Македонските ветерани.

Значи, до почетокот на Втората Светска војна се е јасно како ден. Одбележувањето на Илинен го организира исклучиво Македонската емиграција, а од 1941. година таа улога врз себе ја превземала Дирекцијата за национална пропаганда формирана 5.април истата година. Имала за цел да работи на одбрана на интересите на Бугарија и тогаш за прв пат во нивниот весник „Целокупна Бугарија“ излегува со соопштение дека Илинден го завзема местото на најголема појава на бугарско „воинство“.  И покрај тоа што и самите признавале дека овој ден бил „знаме во борбата која Македонија ја водел за сопствено ослободување“. Ваквата пропаганда траела до 1944. година. Одеднаш, бугарските институции и самата држава станале многу свесни за значењето на Илинденското востание, кое според докажаната сила на духот, по бројот на учесниците и дадените жртви го завземало првото место во „редицата востанија за ослободување на бугарскиот народ“.

Во органот на Бугарската комунистичка партија „Работнички весник“ во периодот меѓу двете светски војни, постои огромен број на написи каде меѓу другото се вели: „Целата Македонска емиграција се воодушевува од спомените на величенственото народно востание. За ова таа е прогонета, бедна и бездомна емиграција под тоа знаме секогаш е спремна да се собере и кон истото има света верба…Илинден беше знаме свое, знаме народно, знаме Македонско.“ Во ниту еден напис на бугарската комунистичка партија Илинен не се поврзува со Преображенското востание, дури во 1936. година истиот „Работнички весник“ пишува: „Македонската историја е исполнета со епизоди на хероизам од страна на Македонските револуционери во борба против тиранијата на султанот. Но, по својот масовен карактер Илинденското востание си останува единствено со епохално значење во Македонската ослободителна борба.“

Истата година, весникот „Македонски вести“, во својата статија „Илинден – македонски национален празник“ меѓудругото потенцира: „Македонскиот народ си има свој национален празник. Тоа е Илинден!“

И познатиот историчар Фикрет Аданар во својата книга „Македонскиот впрос“ има посебна глава под наслов „Илинденското востание 1903. година“ каде со ниту еден збор не прави корелација со Преображенското востание.

Што овде не е јасно? Кој фалсификува историја? Кој кине зелени од наша страна? За жал, некој што е на чело на државата.

Еве уште еден доказ до Втората Светска војна, Бугарите Илиненското востание го сметале за чисто Македонско востание. Себугарскиот сојуз „отец Пајсиј“ кој како политичко-вонпартиско здружение имал за цел народно и државно самозачувување на целиот бугарски род и сите Бугари каде што тие се наоѓаат и ги повикуваат Бугарите во странство да ги празнуваат следниве значајни датуми:

  1. 3-ти март, ослободување на Бугарија
  2. 24. мај, Св.Кирил и Методиј
  3. 27. септември, ден на „отец Пајсиј“
  4. 27. ноември, потпишување на Нејскиот договор

Еееј, премиере во овој список на `блгарски празници Илинен никаде не се спомнува. Што не ти е јасно и тебе и на Бојко Борисов? Затоа не е добро двапати да се „кинат зелени“:
– Кога се тресат глупости и потоа се лиже плукнатото. Нема што да лижеме. Документите се тие. Доказите се едни и единствени. Илинденското востание е организирано од Македонски револуционери, а вистина е само дека не ја добиле ветената помош од Бугарскиот двор. Значи, биле предадени.

На крајот, повторно ќе се вратиме на изјавите на премиерот по повод Илинден како македонски празник, и потоа неговото извинување. Тој не се извини случајно. Како што ние денеска читаме некои документи, така утре некој од бугарска страна ќе чита дека во 2018. година Македонскиот претседател на влада се извинил на Р.Бугарија оти направил наводен лапсуз. Ова не беше случајно, ова беше намерно направено за да им даде адут повеќе пред влезот на Македонија во ЕУ, да се корегира Македонската историја и ние Македонците да ја прифатиме невистината, а тоа дека Илинденското востание е бугарско, а не Македонско.

Затоа, почитувани пријатели договорот со Бугарија и договорот со Грција е полн со замки. Ќе гледаат во НАТО „на врат, на нос“ да не внесат поради нивни потреби, а тоа е затварање на јужното крило на НАТО. Преговорите со ЕУ, ќе ни траат колку што им траат на Турците. Пак тие ќе чекаат да се роди некој нов Заев и сите овие историски глупости да ги голтне во интерес на иднината, во интерес на подоброто утро кое никако да дојде.

Македонскиот народ прв пат во својата историја на 30.септември има шанса да им покаже и на овие дома и на оние однадвор дека е тврд орев, дека достоинството нема цена, дека обидот да ни ја избришат историјата е обид да не избришат како народ и бојкотот е вистински одговор на насилниците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This