КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Љубов ли е ова или геноцид!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Седесињата заедно со Бејли успеале да излобираат во Американскиот сенат. Лобирањето е за нивна поддршка, а заплашување кон нас. Имено, двајца сенатори предлагаат резолуција која ќе ја изгласа сенатот за тоа кој е против договорот со Грција ќе биде прогласен за про-руски активист. Браво! Само така продолжете, уште повеќе ќе го изиритирате народот. А, зошто? Затоа што оваа резолуција во Сенатот ќе биде нацистичка резолуција. Тие што ја предлагаат и што ќе ја усвојат, ние ќе ги сметаме за нацисти. Нацисти се оние кои правеа геноцид врз Евреите. Нацизам е кога на еден народ сакаш да му го уништиш идентитетот, да му ја промениш историјата, да му го избришеш јазикот, да му го оспориш културното наследство и да му го промениш името. Секој што ова го поддржува е нацист и протагонист на нацистичката идеологија.

Исто како што  во Втората Светска војна Германците се потрудија да уништат цел еден народ, и сега со оваа резолуција Американскиот сенат се труди да обезличи токму еден народ. Не им е ова прв пат на Американците. Не сме заборавиле, на Вичо и на Грамос во 1949.година покрај Англиските се вклучија во бомбардирање и Американски авиони во бомбардирање на позициите на демократската армија на Грција и на Македонските збегови во кои се наоѓаа жени, деца, старци. Да потсетиме, тогаш тие го поддржаа ова етничко чистење и геноцид врз Македонскиот народ, а со оваа резолуција уште еднаш го потврдуваат!

Почитувани сенатори, не да не прогласувате за про-руски активисти, шпиони, марсовци, крокодили, што ви душа сака можете да не прогласите. Да им седиме како јагниња на колење, тоа нема да го доживеат. Оние кои што немаат доволно аргументи да го бранат она што не се брани, а тоа е овој договор, велат „…и ние знаеме дека договорот не е добар, ама треба да се поддржи.“ Кого тие прават будала?

Должни сме да му објасниме на народов дека ќе треба да ги извадиме плочите од нашите цркви каде што стои сонцето од Кутлеш. Па ние ли ги ставивме тие плочи? Или 6-7 века некој пред нас. Кога ќе копнеме некаде во земјата, и тоа што ќе го ископаме треба да кажеме дека тоа е артефакт од античкиот период, и да им го предадеме на Грците, за да тие си докажат дека ние сме дрво без корен, не сме од овие места, сме дошле и сме извршиле инвазија, и сме запоседнале туѓо историско богатство.

Ги слушам дека досега сме се викале ФИРОМ, а сега сме имале подобро решение како Северна Македонија. Да, бевме ФИРОМ ама бевме Македонци. Државјанството ни беше Македонско. Сега ќе бидеме Р.Северна Македонија, а во државјанството ќе ни стои „граѓани на Северна Македонија“. Ниту сме мајмуни, ниту сме морони. Лагите не им успеваат. Нашиве сејачи на магла не мафтосуваат дека успеале да го сочуваат идентитетот и јазикот. Бре, мајката! А која беше алтернативата во нивните преговори? Веројатно мислат дека можеше да останеме без идентитет и без јазик. Таква работа е можна само во војна и во целосен геноцид на македонскиот народ. Да останеш без име, идентиет, јазик, култура. Но, да потсетам, вакво нешто не се случило ниту во безусловните капитулации на Германија, Јапонија и на многу други поразени војски. А, најмалку сега во 21. век. Та нели, американците и нивните сенатори се за демократија, човекови права, за граѓански слободи. Ова ли е граѓанската слобода што тие ни ја заговараат?

Слобода е ако сакам да гласам ќе гласам, ако не сакам ќе си седам дома! И, ќе си седиме дома! Овие прашања не заслужуваат одговор.

На пример:
Јас сум против договорот со Грција, против НАТО, а за Европска Унија. Кажете ми како да гласам на претстојниот референдум. Веројатно во дропки. Две третини „против“, една третина „За“.

Море, ај ве молам – марш. И вие и вашите руски глупости. Што си имаат со Русите да си се пресметуваат зад Урал, ние си имаме наша мака, а како што гледаме, ниту Руси, ниту Кинези не помагаат. А, Американците се закануваат.

Нема друго, Македонците мора сами да се спротивстават.

Чудна е оваа Американска љубов кон нас Македонците, ми личи на мајка што многу си го сакала детето ама толку силно го гушнала сакајќи да ја изрази што е можно повеќе својата љубов, што на крајот си го угушила чедото.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This