КОЛУМНА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Идиоти!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека СДСМ беше во опозиција, главен проблем во државава беше – амбиенталниот воздух. Нормално, неговата загаденост. Најмалку беше битно загадувањето од огревното дрво, ќумурот и возилата, а најголем акцент се ставаше на градежната експанзија. Демек, таа најмногу го загадувала воздухот со таканаречените ПМ10 честички.

Денес, амбиенталниот воздух не е најголемиот проблем. Затоа што, истиот тој воздух го дишел и Шилегов. Барем така тој вели. Иако, Скопје е на шесто место по загаденост – во светот се разбира.

Како ли баш сега се расипаа мерните станици и не се поправаат?

Додека јас бев градоначалник, најзагаден беше Карпош. Сега, најзагадено е Гази Баба и Центар. Што е и нормално, затоа што најголемата концентрација на фабрики е во Гази Баба, а најмногу возила има во Центар. Но, Карпош беше таргетот пред изборите 2017. година. За се беше виновен тогашниот градоначалник – јас. Денес Карпош не е загаден. За жал во штелуваните бројки, кумуваа и невладините организации. Оние кои наводно ја мереа количината на загаденост на амбиенталниот воздух. Се преваранти до преваранти. Денес ги нема да гукнат невладините организации!

Кога СДСМ е на власт, воздухот си е воздух. Нема што да му се прави. Сега тие имаат нов таргет – кучњиата скитници. Секојдневно водат кампањи против нив. Наумиле да ги испоубиваат, па тоа ти е. Капак на сѐ е и несреќниот случај со девојката од Гостивар. Овој несреќен случај, за жал, оди во прилог на нивната кампања. Намислиле и ќе ги уништуваат кучињата. Одеа со затварање на своите политички противници со поднесување на кривични пријави. Го иструментализираа судството до бескрај. Сега немаат на кого, а се окомија на кучињата – скитници.

Па тие ли се најголемиот проблем во државата? Со денови го замајуваат народот со оваа приказна. Половина време од вестите на режимските телевизии е за кучињата скитници, а половина за ВМРО-ДПМНЕ. За ВМРО-ДПМНЕ се теми за тоа како се распаѓа, како е анти-американска и анти-европска, за новата пратеничка група излезена од ВМРО-ДПМНЕ. Се им е токму во земјава, само ВМРО-ДПМНЕ и кучињата не им чинат. Се сложувам, што има толку многу кучиња скитници во центарот на градот не е добро. Не чини и ВМРО-ДПМНЕ, и тоа сега кога го нема Груевски, Мијалков, Гордана Јанкуловска, Јанакиевски, Тодоров итн. Ако ВМРО-ДПМНЕ не чини, сакам да ги прашам – што чини кај СДСМ?

Имате ли бе, идиоти, да кажете барем нешто добро за СДСМ?! Една тронка! Еден потег! ВМРО-ДПМНЕ две години не е на власт и за истите оние што го напаѓаа додека ја водеше владата, приказната продолжува и понатаму. Со замајување на народот за никаквата опозиција. А, каква е власта не е битно. Тоа што плукаат по опозицијата, што прават медиумски циркус, перење на мозоци, ни малку не им го прави подобар животот на граѓаните. Оној што е задолжен за тоа е СДСМ. За него критики нема. Ваков медиумски мрак ниту бил, ниту ќе биде. Слепило!

Дојдовме до дното, не може да го фалат СДСМ, затоа што сѐ што допреа испоганија.

Го испоганија обвинителството, судството, Уставниот суд. Ја посрамотија МАНУ, ја понижија црквата, ги ставија во шише медиумите, на бизнисот му ја е…. мајката, креваат даноци, придонеси, се задолжуваат и тоа што го земаат од народот не знаат како да го потрошат. Кога бе народе, ребаланс на буџет се правел во ноември? Наместо да зборуваме за буџет за 2019. година, ние зборуваме за ребаланс во 2018. година.

Секој втор тендер им е криминал. Груевски го судат за набавка на „Мерцедес“, а тие секое возило што досега го купија е од донаторот им „из Куманова“.

Оној потпретседателот на влада, како се викаше, Кочо Анѓушев – не можеш да го зауздаш. Го фрлаш низ прозор, ти се враќа низ оџак. Таман на едно место ќе го запреме да не земе пари, тој земал од друга страна. Ако не друго, барем концсија. Во спортот – пораз до пораз. Не тепа, кој ќе стигне. Нема потези во земјоделието, полош министер за финансии ниту имало, ниту ќе имаме.

Еден мој прјател, кој што води голем бизнис ми вели дека имал 1.600 коминтенти. Се чуди како СДСМ мисли да оди на избори кога ниту еден од овие 1.600 коминтенти не зборува добро за власта! Но, за медиумите сето ова не е битно. Битно е да се спасат осумтемина предавници. Да се спасат од јавниот срам, народната анатема и клетвите што им ги праќа секој Македонец.

Таман на 30. септември покажавме дека сме народ со достоинство, СДСМ се потруди да не понижи. За потсмев сме во регионот. На една дебатна емисија во Хрватска еден говорник вели вака:

„Само у Македонији ‘Не’ значи ‘Да’. Само у Македонији ако ти фали заступник (пратеник) идеш у тужилаштво и у суд и то купујеш као у драгстору. Колико ти заступника треба, толико ти правосдуни органи испоруче. Права трговина.“

За жал, ова е суровата вистина за Македонија. И бидејќи режимските медиуми немаат што добро да кажат за власта, во надеж дека еден убав сончев ден ќе проработи СДСМ-овската машина, тие заедно со злосторниците во власта купуваат време. Времето го купуваат со тоа што, нивната пропаганда постојано го замајува народот со ВМРО-ДПМНЕ. А, СДСМ нека ни е жив и здрав.

Воопшто не е битно што во Уставот на мала врата од преамбулата ќе се тргне АСНОМ, а ќе се воведе Рамковниот договор. Поставувам неколку прашања:

– Што е Рамковниот договор битен, на пример, за Ромите во Македонија, или пак за Власите?

– Зошто во преамбулата не го ставиме, на пример, и Пржинскиот договор, па и Преспанскиот – затоа што причина за промена на Уставот е токму Преспанскиот договор, и ова ќе биде сосема поразлична држава од онаа за која што гласавме во 1991. година на референдумот.

Одговорете ми бе луѓе, дали во Босанскиот устав во преамбулата стои Дејтонскиот мировен договор? Тој да биде цитиран во преамбулата на уставот на БиХ има 100 пати повеќе причини отколку да биде вметнат Рамковниот во нашиот Устав. Со Дејтонскиот мировен договор се запре војна меѓу три држави – Србија, БиХ и Хрватска. Оттогаш па наваму, Босна е поделена на босанско-херцеговска федерација и Р.Српска. Република Српска претходно не постоеше во уставот на БиХ. Со ставање на Охридскиот рамковен договор во Уставот, дефинитивно стануваме бинационална држава. Гарантирам!

Ако си бинационална држава не можеш да бидеш унитарна. Единствена бинационална држава во светот е Белгија, а е унитарна затоа што во Брисел е седиштето на ЕУ, затоа што Фламанците и Фландријците не се раздвојуваат поради благодетот што го уживаат од ЕУ. Швајцарија на пример, е повеќенационална држава но не е унитарна – таа е кантонизирана. Ќе бидеме веројатно живи и здрави за да доживееме, кога токму овој Уставен основ од преамбулата ќе се користи како причина за кантонизација и федерализација на Македонија.

Но, не е битно што прави СДСМ. Битно е ВМРО-ДПМНЕ. Паричките што ги земаат со разни проекти од УСАИД и останата булумента додека беа во опозиција ги користеа за да плукаат по ВМРО-ДПМНЕ, денес овие пари ги земаат за да молчат и да зборуваат за кучињата скитници, се разбира.

Кутрите тие колку ли се трудат да ги заштитат осумтемина предавници. Колку медиумски простор им даваат – колку ли само ја форсираат Елизабета Канческа – Милевска. За жалење е жената. Кога ја гледам како држи прес конференции, не можам да се изначудам. Да бев на нејзино место, ако притисокот и бил толку голем, како и заканите дека ќе одговара за пет тешки кривичи дела, побрзо ќе испиев неколку грама цијанид на говорница во Собранието и како Ѕвонимир Праљак во Хаг ќе станев херој, отколку вака да бидам бедник пред микрофон. Наместо да се сокрие да не ја гледа народ, таа продолжува дури со пратеничкиот мандат, и како шеф на пратеничка група. Подобро да испиеш отров и да бидеш под земја, отколку да и служиш на мафијата и да бидеш понижен.

Нема крај, штом си со мафијата, голготата не завршува со гласањето на уставните амандмани. Уште многу слугувања ќе треба да направи – за јазици, за специјални обвинителства, за одземање на мандати на пратеници, за нови двотретински закони. Ќе гласа и уште ќе ја брани владата и нејзините глупави потези, а тие ќе си поигруваат со нејзе. Малку ќе ги одлагаат судските процеси, па ќе донесат некоја пресуда, ќе биде во исчекување на одлуката на Апелација, па тој предметот ќе го врати повторно во прв степен – и се така во надеж за пуста слобода, до нови избори.

Обидот со приказната за помирување е провидна како бистра вода. Кутрите тие денес направија состанок, ама воопшто не знаат зошто го направиле и која е целта на комисијата за помирување. Што се однесува до мене, јас сум против помирување! Нема зашто да се мириме кога СДСМ е на власт. Нека продолжи со апсење, со кривични пријави, со притвори, тортури, со неразјаснети убиства, со медиумско насилие, со местење на тендери, со политички судски пресуди. Нека продолжи и нема зошто да се мириме. Кога ќе ги турнеме од власт, ќе им вратиме петкратно!

Мислат дека опозицијата ја замолчија, ја затвараат, ја истребија – сега се на ред кучињата. Нека не се секираат, опозицијата е пожилава и од кучињта скитници. Не значи дека ако молчиме, дека не се подготвуваме.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This