April 24, 2024, 12:54 pm

КОМАНДАНТ МАЛИШЕВА ПОВИКУВА НА ВОЈНА: Терористот од затвор повика на мобилизација за „етничка Албанија“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мухамет Красниќи, познат како командант Малишева, уапсен по антитерористичката акција во Кумановско „Диво насеље“ на 9 и 10 мај 2015 година, преку писмото испратено од затвор во весникот “Бота Сот”, ги повика сите Албанци за општа мобилизација за национално единство.

Наловено како „Крвта нѐ повикува на сеопфатно мобилизирање за национално обединување“, Красниќи повикува на „задача, која ни е обврска кон татковината, и пред сѐ, не ја изневерувајте татковината преку соработка со непријателите и со нивните тајни служби“.

 

Во битката во Куманово се покажа силата на албанскиот народ за борба против окупаторот. Во оваа битка, ние момците на ОНА, војувавме против една цела српско – славо-македонска и бугарска војска и издржавме пред окупаторот и покрај тоа што не предадоа. Но, тоа беше само една битка од општата борба на албанскиот народ за национално ослободување и обединување, бидејќи се знае дека Албанците се окупирани и колонизирани од словенските напаѓачи и колонизатори и конечно треба да ја добијат слободата и единствената национална држава, а таа е Етничка Албанија.

Историјата на албанскиот народ е исполнета со постојани напори за ослободување и национално обединување, а тоа е идеал, оставен како аманет од националните маченици. Овој аманет треба да го исполниме и ние кои сега живееме, бидејќи само нашите маченици го исполниле со доверба до последниот здив,затоа додека ние сме живи, се уште треба да работиме за ослободување од окупаторите! Значи, албанската крв повикува: или денес, или никогаш сите Албанци да работат за национално единство, да се мобилизираме во ослободителна борба за самоопределување и деколонизација!

 

 

Оваа војна нема да биде агресивна, не е ниту “терористичка”, како што нашите окупатори не претставија, ова ослободителна антиколонијална борба против државите кои ги освоија, убија, асимилираа, затворија и ги протераа Албанците од нивните етнички територии од 1878 година па навака. Тоа ќе биде фер борба за “отсечување на опашката” на непријателот, од нашиот окупиран двор од страна на овие непоканети “гости” (кои дојдоја во нашата куќа со насилство и ги убија на жителите на албанската земја).

Се бара одговорност од луѓето и нивна општа мобилизација против државите кои ги окупираа Албанците. Ние имаме доволно воена сила за да ги скршиме сите непријатели и да ги протераме од нашата родна земја. Оваа сила доаѓа од внатрешниот духовен идеал за национално ослободување и обединување,бидејќи посветеноста може да скрши планина, а не пак војската на непријателот…

Албанци, не останувајте рамнодушни на оваа задача , која ни е обврска кон татковината, и пред се, не ја изневерувајте татковината преку соработка со непријателите и со нивните тајни служби! Еден ден сите ќе умреме, и ќе бидеме два метри под земја, но барем целиот живот да го поминиме работејќи со чест и со љубов кон нашата етничка Албанија– го пренесува Бота Сот писмото на Красниќи.

 

Во акцијата во „Диво насеље“ загинаа осум припадници на безбедносните сили, а 37 беа ранети во уличните борби низ тесниот и густо населен дел на приградската населба на Куманово. Антитерористичката акција се случи во периодот на најсериозната политичка криза во Македонија, и додека во ек беа насилни протести против тогашната власт при кои цел беа и полициските службеници. Ден по акцијата, актуелната власт, а тогаш опозиција, замина на фотографирање во Куманово, а до денеска не се најде доблест да се посетат повредените или да се оддаде почит на полициските жртви. Потоа, многу често овој случај се злоупотребуваше во дневнополитички цели во привлекување на албански гласови, ветувајќи нови истраги, исто како и со случаите „Сопот“ и „Монструм“.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This