КОМАНДАНТ МАЛИШЕВА СО ОТВОРЕНО ПИСМО: Кумановската група е дел од американски проект за стопирање на руското влијание!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Т.н Командант Малишева испрати отворено писмо до Косовоските безбедносни служби со барање да запрат со следењето на нивните семејства. Според Малишева, тие биле дел од американски проект за спречување на руското влијание во Македонија

Во име на Кумановската група, апелирам до директорот на КИА (Косовска разузнавачка агенција), Шпенд Маџунит, заменик-директорот на КИА, Латиф Меровци и в.д. на косовската полиција, Наим Реџа, барем да не ни наштетува преку ниски методи, како што е следење на нашите семејства, пријатели или познаници!

Полвечете ги наредбите за следење и прислушување, затоа што во спротивно, како што нашите семејства и нашите деца не спијат мирно, така и вашите семејства нема мирно да спијат во Косово.

Таму каде државата ги оштетува своите граѓани, во израз доаѓа Канунот со свои закони!

Апелот се однесува на многу службени лица на КИА, но јас ги објавувам имињата само на некои;

– Бардил Јашари
– Њомза Красниќи
– Шар Хараќија, Директор во Приштина
– Лулзим Лоши
– Арсим Ибрахими, директор во Пеќ
– Висар Шала, директор во Призрен

Потоа, апелот, исто така, оди и за активнитесоработници и шпиони на КИА и Косовската полиција, преку социјални мрежи;

– Кадри Сулејмани
– Агрон Темајн и нивната цела шпионска мрежа …

Ние, Кумановската група, сме дел од американскиот проект за спречување на руското влијание во Македонија. Значи, има кој да се занимава со нас и таму се оние кои не ценат!
Искрено не си играјте со нашите чувства и со нашите семејства, во спротивно ниту вие и вашите семејства нема да имате мир во Косово! – стои во писмото на Малишева.

Командант Малишева!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This