April 23, 2024, 11:14 pm

,,КОМАНДАНТ СТРУМИЦА“ ЈА ИСУШИ КАСАТА НА КИЧЕВО: Финансиски малверзации на градоначалникот Дехари и неговата “тајфа”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо општина во служба на граѓаните општина Кичево стана општина во служба на одредени бизнис-кланови, кланови кои од општинскиот буџет преточиле милиони евра, главно во грнето на шефот на општината Фатмир Дехари попознат како Командант Струмица, поради распределбата на средства за компании од Струмица за извршени обврски кон општина Кичево, пишува Журнал.

Кичевци се незадоволни поради занемарување и неможност на градоначалникот Дехари да ги раководи ресурсите на Општината за нивна корист.

Журнал поседува неколку официјални документи на јавните набавки во општина Кичево со кои лесно може да се утврдат финансиските малверзации од страна на градоначалникот Дехари и неговата “тајфа” кои ги прават на штета на граѓаните на оваа општина.

Врската со Фатмир Дехари на фирмата „Ас Сењак“, сопственост на Селаудин Арифи, ѝ помогна преку разни тендери од општина Кичево за четири години да апсорбира над 2 милиони евра.

Не случајно, градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари, го избра станот на Селаудин Арифи за да живее со своето семејство. Иако според законските одредби, секој македонски службеник е должен целиот свој имот да го пријави во Антикорупциската комисија. Се сомнева дека станот од 200 квадрати во кој живее Фатмир Дехари, му е подарен како надоместок или благодарност за дадените тендери на компанијата “АС Сењак” на Селаудин Арифи, и поседување на таков имот, тој не го почитува правилото, и го нема пријавено како недвижност од 200 м2, лоцирана на првиот кат во една населба во Кичево, додека станот е изграден од фирмата „Ас Сењак“ на Селаудин Арифи.

Жителите на Кичево имаат бројни дилеми за овој факт и различно коментираат за не транспарентноста на првиот човек на градот Кичево, Фатмир Дехари. Тие прашуваат дали Дехари го добил овој стан како награда за дадените тендери на компанијата на Селаудин Арифи?

Покрај оваа компанија, во мрежата на финансиски малверзации на Фатмир Дехари е исто така и компанијата Дукла.

Значи фирмите “Сењак” и “Дукла” имаат ист сопственик, пријателот и партнер на Фатмир Дехари, “АГАТА” Селаудин Арифи, кој поседува акции и во фабриката “Европа”. Но, дали овие акции навистина се негови?!

Во сите нормални земји во светот по објавување на такви документи, дури и во случај на пријавување од страна на граѓаните, во таа институција се врши официјална ревизија. Потпирајќи се на ваквото законско право, државниот завод за ревизија на Република Македонија, треба да ја провери и анализира целата документација на Кичево, со цел да се спречи понатамошна злоупотреба на граѓанските средствата на општина Кичево за лична корист, а не за доброто на граѓаните. Граѓаните чекаат реакција на Државната ревизија во општина Кичево.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This