КОМАНДАНТ ХОЏА НЕ МОЖЕ ДА ДОБИЕ БЕЗБЕДНОСЕН СЕРТИФИКАТ: Ако се следи законот и системите, Хоџа не смее да добие сертификат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Златко Димовски од факултетот за Безбедност појаснува дека командантот Хоџа за да го работи она за кое што е назначен, ќе треба да добие безбедносен сертификат кој според Димовски, не може да го добие.

-Она што е многу важно е дека ако работи со класифицирани информации ќе треба да добие сертификат за класифицирани информации, а согласно постојната законска регулатива, не верувам дека ќе може да добие сертификат за достап до класифицирани информации затоа што има таму точно одредени критериуми кој може да добие, кој не може истакна Димовски.

Тој рече дека тоа што командантот Хоџа се наоѓа на црната листа на САД не игра некоја важна улога конкретно во законодавниот систем. Меѓутоа ако правилно се имплементираат одредбите кои ги има Македонија тешко ќе може Командантот Хоџа да има допир со класифицирани информации.

– Црната листа не игра улога конкретно во нашиот законодавен систем меѓутоа она што ние имаме одредено ако правилно се имплементира, а до сега барем тоа е случај едноставно тешко ќе може да има допир до класифицирани информации, посочи Димовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This