Коментаторите на Арена: Ако Вардар стане шампион доаѓаме во Скопје!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската јавност емотивно и еуфорично го доживува новиот продор на Вардар кон европското небо, за жал без коментар на македонски јазик. Наместо тоа, ги слуша Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ, од „Арена Спорт“ телевизија, кои станаа херои заедно со ракометарите на Вардар. Спорт1 им украде 10-тина минути од времето, додека се подготвуваа за натпреварот за трето место и ѕирна во нивните мисли и емоции.

Сретен Рашковиќ е вљубеник во јужноамерикански фудбал, веќе 7-8 години има неспани ноќи затоа што коментира Копа Либертадорес и Копа Судамерикана, меѓутоа она што му се случува во Келн, со Вардар, вели е друга димензија. Стеван Стевановиќ, пак, е вечен заложник на ракометната убавина, уште од свои девет години и затоа не сонува да коментира Бока – Ривер во Буенос Аирес и доволно му е што е сега и овде во Келн. Тој ја запросил својата сопруга на Свети Наум и емотивно е врзан за Македонија можеби затоа ветил дека, ако Вардар стане шампион – доаѓа во Скопје на прослава.

Што да очекуваме денеска во финалето?

Стеван Стевановиќ: Уфф..многу ќе биде тешко. Ајде да се обидеме да бидеме објективни, без разлика што ние сме наклонети на Вардар. Мислам дека Веспрем има блага предност, затоа што вчера порано го заврши полуфиналето и второ затоа што од него излезе некако помалку ранет. Имаа еден полесен ритам од тоа што мораше Вардар да го направи во второ полувреме, да уфрли во седма брзина.

Сретен Рашковиќ: Јас ќе речам вака, на Веспрем сега се чека да му се врати за сè што чека наназад низ годините. Но, да ве потсетам една работа. Вардар повеќе се истроши психички и физички, веќе доживеа некоја бајка и сите велат дека Веспрем со ладна глава ќе влезе во овој дуел. Ајде да се вратиме во 2017, беше исто. Циндриќ, емотивен крај на полуфиналето, ПСЖ мирен и ултра-фаворит, па 60 минути им кршеа коски и на крај повторно еден гол реши. Ваков Вардар е најопасна екипа на светот. Ќе биде крш финалето, особено што Милосављев ми кажа дека Веспрем му е попосакуван противник. Можеш да им се прилагодиш на играта, можеш да ги раниш полесно. Не би рекол дека е Веспрем фаворит, неблагодарно е да се прогнозира и затоа јас би оставил отворено 50-50.

Ајде сепак дајте ни прогноза точен резултат, кладилничарски?

Сретен Решковиќ: Стеван не го сака тоа, неговиот став е дека тоа го извалка спортот, а јас сакам да прогнозирам. Мислам дека ќе биде рововска битка со помал број голови. Ако постои некоја граница, мислам дека никој нема да даде повеќе од 25 гола. Доколку не ги понесе моментот, мислам дека ќе се заврши 25 за победникот и 22,23 за поразениот.

Стеван Стевановќ: Мислам дека во ова финале, како и во сите други големи натпреварувања, прашање е колку успеале да го оспособат Штербик. Вчера почна фантастично, а беше критикуван претходно. Дали ќе може Милосављев да го повтори она што го направи во полуфиналето или, пак, дали Петар Ненадиќ ќе влезе во ритам, како вчера, кога даде 12 од 14. Тоа е таа проблематика, кога немаш ден да се одмориш. Дали некој лошо се разбудил, дали друг спиел повеќе, сè е значајно. Затоа е многу интересно и има посебен шарм.

Ако Вардар освои титула, дали би дошле во Скопје да прославите, па можеби и да се запознаете со македонската публика?

Стеван Стевановиќ: Јас на македонскиот народ му ветив дека обавезно ќе се спуштам долу, ако освојат титула и ветувањето мора да го исполнам. Му реков и на Сретен да си планира, да си подготви средства за патување, така што мора да го одржам зборот. Веројатно и македонската публика ќе го поздрави тоа. На крајот на краиштата, јас жена ми ја побарав на Свети Наум, па малку повеќе сум врзан за Македонија.

Превземено од sport1.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This