Комерсант: Србија и Косово се на прагот на војна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Србија и Косово се на „прагот на војна“ поради возот кој од Белград требаше да вози до Косовска Митровица, оценува московскиот весник Комерсант.

kosovo-voz-2

Весникот наведува дека во овој случај од самиот почеток имало „многу политичка симболка“, бидејќи возовите на оваа релација не возеле уште од 1999-та година.

Возот се нарекува „руски“, а што е најважно, оценува весникот, е тоа што двата вагони овд внатрешната страна биле насликани со фрески од косовските манастири на Косово, а од надворешната страна со огромно српски знаме и натпис „Косово е Србија“.

Комерсант потсетува дека претседателот на Косово Хашим Тачи возот го нарекол провокација, а српскиот претседател Томислав Николиќ предупредил дека ќе испрати војска на Косово доколку треба да се заштитат тамошните Срби.

„Многумина на Балканот сметаат дека инцидентот беше испровоциран од Белград“, пишува весникот и напоменува дека возот од Краљево, кој бил „обичен воз, без никакви натписи“, истиот ден без проблем стигнал до Косовска Митровица.

Весникот оценува дека косовскиот проблем „започнал активно да биде експлоатиран од многу српски политичари, па и од клучните“, поврзувајќи го тоа со претстојните претседателски избори во Србија.

„Инцидентот се случи во атмосфера на генерално заострување на реториката на српските политичари, што експертите го поврзуваат со претстојните претседателски избори во Србија, кои ќе ја одредат идната надворешна политика на земјата“, оценува московскиот весник

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This