Комерцијална банка предупредува: Лажна Фејсбук страница се претставува во нејзино име

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти и соработници дека името на забележаната лажна Facebook страница е на латинично писмо и комуницира на српски јазик. Комерцијална банка АД Скопје нема никаква поврзаност со оваа Facebook страница ниту, пак, со активностите што таа ги спроведува или на кои повикува.

Од Комерцијална банка АД Скопје ги советуваат клиентите, да бидат исклучително внимателни во интерес на нивна поголема одговорност и заштита на личните финансии, да внимаваат при споделување на личните податоци додека се на Интернет. Доколку, сепак презеле дејствија поврзани со таа страница, од Банката предлагаат случајот да се пријави во полиција.

Лажната страница и содржината што ја споделува веќе се пријавени на Facebook како измама, а Банката ќе преземе соодветни мерки согласно позитивните законски прописи по целосна анализа на случајот.

Единствената официјална страница на Комерцијална банка АД Скопје на Facebook е верифицирана со син беџ за автентичност покрај името.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This