КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ПРОДАДЕ ГОЛЕМ БРОЈ АКЦИИ: Во три големи трансакции продадени акции во вредност од 28.1 милион евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во три големи трансакции вчера и завчера,продадени се акции на Комерцијална банка – Скопје во вредност од 28,1 милиони евра.


Вредноста на акцијата во сите трансакции изнесуваше 3.750 денари. Комерцијална банка ја информираше Берзата дека вчера продавачи на акциите биле странски инвестициски фондови и нивни клиенти, а купувачи Макпетрол, Индустри сервис, М.Г. Фешн, ЛЕАН, ЗСФ-КОМ, сите од Скопје и ИНТ Трејд од Кочани, како и две физички лица.

Во средата Комерцијална банка информираше дека досегашниот акционер со квалификувано учество Ист капитал експлорер инвестмент АБ и неговото поврзано лице Салинк лимитед ги продало акциите кои имале 13,076% учество во вкупниот број на акции на Банката. Акциите ги купиле Адора инженеринг, Гранит, АД Скопје, ИГМ-трејд и Индустри сервис.

Дополнително, известуваме дека секое од правните лица поединечно не го надминува прагот од 5% акционерско учество во вкупниот капитал на Банката.

Минатата недела главниот извршен директор и претседател на УО на Банката, Хари Костов, купи 500 обични акции на банката.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This