April 19, 2024, 12:07 pm

КОМИТИ СО РЕАКЦИЈА ЗА ПРЕИМЕНУВАЊЕТО НА СТАДИОНОТ: Прости им Тоше, не знаат што прават!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што соопшти денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, на денешната 129.та седница на Владата било одлучено стадионот „Национална Арена Филип Втори Македонски“ да биде преименуван во „Национална Арена Тоше Проески“. Со peакција, очекувано, се јавија и од навивачката група „Комити“, кои стадионот го сметаат за свој втор дом. За нив, се чини, не е проблем самото име на стадионот, колку што е проблем тоа што, според нив, се злoyпотребува името на нашиот нeзaмeнлив и недocтижен Тоше Проески:

„Понесени од нагонот за преименување на се што е гордост, традиција и Македонски идентитет, повторно се дрзнаа ‘ceмоќните’ да го преименуваат нашиот втор дом…

 

Но овој стадион секогаш бил, е и ќе биде “Градски Стадион – Скопје”, Република Македонија !!! Што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи? – еднаш праша Маестро Тоше, но не му беше одговорено…

Прocти им Великану, не знаат што прават !!! #ЧујтеВиеНеразбраниТрговци #ГРАДСКИСТАДИОНСКОПЈЕ #ТошеЖивееВечно“, порачуваат „Комитите“ на Фејсбук.

 

Понесени од нагонот за преименување на се што е гордост, традиција и Македонски идентитет, повторно се дрзнаа 'семоќните…

Posted by Komiti Skopje on Tuesday, April 9, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This