Паразит „интелектуалците“, неколкумина професори кои сеуште се хранат од дојката на УСАИД и Сорос, новинари кои не би знаеле како да работат кога не би постоела злоупотребата на фондовите на американската влада, најавија иницијатива за одбрана на Амбасадорот на САД Џес Бејли
По најавата на Конгресот на САД дека ќе се спроведе истрага во работата на Амбасадта на САД во Македонија во текот на мандатот на амбасадорот Бејли, со цел да се истражат обвинувањата за злоупотреба на фондовите на УСАИД и финансирање и поддршка на една политичка опција во државата, порталчето спонзорирано токму од УСАИД и Сорос „Плусинфо“ ќе го брани Бејли.
[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]
Бројни интелектуалци, универзитетски професори, аналитичари, поранешни високи владини функционери и дипломати од Македонија, ќе се обратат на конгресмените во американскиот Конгрес и на сенаторите со писмо во одбрана на демократските принципи и дипломатскиод кодекс, кој драстично се прекршува од, како што велат поранешниот премиер Никола Груевски и неговите соработници – пишува на порталчето на Бранко Геровски, кој редовно се радуваше и во катарза објавуваше како Бејли јадел ѓеврек.
[/kopa_block_quote] [kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Тие сметаат дека несвојствени се нападите и несоодветно е комуницирањето со странските амбасадори во Република Македонија, посебно со амбасадорот на САД, на ЕУ, на Германија, со портпаролката на Европската Комисија итн. – се додава во текстот на „Плусинфо“[/kopa_block_quote]
Вљубениците во странскиот интервенционизам, како Геровски, Фрчковски, Милчин, Најчевска, Јовановски, и редица слични се главни организатори на овој срамен чин, со кој практично се одлучуваат да го бранат оној кој во последните неклку години им ја дерогирал државата, Уставот и законите и се однесувал како гувернатор врз земјата во која тие живеат.
Покренувањето на истрагата од страна на Конгресот на САД во работата на Бејли пристигна откако неколку светски медиуми пренесоа дека во Македонија од страна на Амбасдата на САД биле злоупотребени фондовите на УСАИД со цел финансирање и поддршка на една политичка опција во земјата. Освен тоа, Бејли во светските медиуми беше обвинет за вмешување во внатрешните работи на државата.
Во Македонија, Џес Бејли беше првиот „осомничен“ за креирањето на политичката криза и важеше за „чадор“ под чија заштита се осомничените во аферата „Пуч“ но и политичките актери во протиуставното СЈО. Освен ова, постојат и шпекулации дека токму тој нарачувал цензура на емисии, информативни прилози и текстови во медиуми.
Неговата десна рака пак, Кристина Каранакова во јавноста беше обвинета за вршење притисок врз судиите и обвинителите во државата со цел донесување на одлуки во корист на барањата на СЈО.