КОМУНАЛЦИ ОД КУМАНОВО ШИРАТ ПРОПАГАНДЕН МАТЕРИЈАЛ: Лица од ЈП Чистота и зеленило Куманово во работно време разнесуваат партиски материјали на СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Куманово континуирано се злоупотребуваат општинските служби за партиски цели, од страна на СДСМ и градоначалникот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.
kumanovo-640x437

 

-Овие фотографии се направени денеска пред Зелениот пазар во Куманово. На фотографијата јасно се гледа како лица вработени ЈП Чистота и зеленило во униформи на ова претпријатие во работно време со службени превозни средства разнесуваат партиски материјали на СДСМ. Го повикуваме директорот на ова јавно претпријатие како и градоначалникот на Куманово да излезат и да им објаснат на граѓаните како е можно и по чиј налог се извршува оваа злоупотреба на парите на граѓаните, вели Петковски.

kumanovo-jpg2_-640x853

Петковски прашува дали ќе се преземат мерки за да се санкционира ова недозволено дејствување.kumanovo-jpg1_-640x853

-До кога претпријатието Чистота и зеленило ќе работи се освен она за што е основано и за што зема пари од граѓаните. СДСМ брутално ги злоупотребува институциите на општината. Грубо мешање на партијата и општината со злоупотреба на општинските ресурси за изборни цели, додава Петковски.

Ова дело е казниво со закон, потсетува тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This