КОНВЕНЦИЈА ВО СТРУГА: ВМРО-ДПМНЕ го избира кандидатот за претседателските избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На конвенцијата која ќе се одржи во Домот на култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ВМРО-ДПМНЕ ќе го избере кандидатот со кој че настапи на претседателските избори. Конвенцијата, но и претстојната кампања за претседателските избори ќе биде под слоганот „За честита Македонија“, велат од партијата.

Овој слоган значи дека кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде честит човек, спротивност на погубните политики кои ги води власта, како што се промената на Уставот, корупцијата, криминалот и немањето никакви резултатите на економски план, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На конвенцијата право на глас за избор на претседателскиот кандидат ќе имаат 551 делегат. За да се избере кандидатот на партијата во првиот круг тој треба да освои 1/3 од гласовите на делегатите, односно за него да гласаат најмалку 184 партиски членови. Ако ниту еден од деветте кандидати во првиот круг го нема потребниот број гласови, тогаш истата вечер ќе се одржи втор круг гласање, во кое ќе учествуваат двајцата кандидати со најмногу гласови.

Осум мажи и една жена ќе ја освојуваат довербата на делегатите на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Никита Шекутковски, доктор на математички науки и редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје, член на Институтот за математика.

Ѓорѓи Манасков, машински инженер и претседател на Стопанската комора за енергетика на Македонија.

Васко Костов, фармацевтски техничар.

Влатко Ѓорчев, правник, пратеник во Собранието на Република Македонија и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Гордана Силјановска-Давчева, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, член на Институтот за правни и политички науки, катедра за уставно право и политички систем.

Илија Димовски, професор во пензија на Шумарски факултет при УКИМ во Скопје.

Филип Петровски, доктор на политички науки и поранешен директор на Државниот архив на Република Македонија.

Горан Ангелов, правник, поранешен градоначалник на општина Виница во два мандати и претседател на ЗЕЛС во еден мандат.

Сашо Кутлешовски, доктор по земјоделски науки.

На почетокот на конвенцијата пред делегатите и претседателските кандидати ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а потоа ќе се претстават сите девет кандидати.

Претседателските избори ќе се одржат на 21 април, а вториот круг на 5 мај.

Конвенцијата, но и претстојната кампања за претседателските избори ќе биде под слоганот „За честита Македонија“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This