April 20, 2024, 10:18 am

КОНГРЕСМЕНКАТА ГИ ПОБРКА ЛОНЦИТЕ: Кога ќе го смениме Трамп, ќе го смениме и потпретседателот Путин-Тој е следен

Поврзано

- Advertisement -
Во текот на емисијата во која гостуваше, членката на претставничкиот дом во Американскиот Конгрес, Максин Вотерс, се закани со повлекување на Доналд Трамп, а потоа и на потпретседателот на САД Мајк Пенс, кој по грешка го нарече Путин, пишува ,,Вашингтон фри бикон“.
- Advertisement -

Во интервју за програмата ,,Поглед“ на телевизија Еј-Би-СИ њуз“ членката на американскиот Претставнички дом на САД демократката Максин Вотерс го помеша американскиот потпретседател мајк Пенс со Владимир Путин.

Водителката Џој Бехар, ја праша Вотерс: Дали Пенс ќе биде подобар претседател од Трамп?

Вотерс одговори: ,,Кога ќе завршиме со Трамп, ќе одиме и на Путин?. Путин или Пенс?, прецизира водителката. Пенс, ја исправи грешката конгресменката.

– Ајде да убиеме две муви со еден удар: Путин и Трамп, а потоа ќе се занимаваме со Пенс- рече водителката, обидувајќи се да ја измазне непријатната ситуацијата.

Весникот наведува дека ова не е првпат Вотерс да ги меша фактите. На прес конференција во Февруари та има изјавено дека додека Трамп,,му виси на вратот на Путин, Путин се посериозно и поодлучно ја освојува Кореја“. 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This