КОНГРЕСОТ НА САД ИСПРАТИ ОБВРЗУВАЧКИ ПОВИК ДО ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР МАЈК ПОМПЕО: Треба да сведочи за y6иcтвoтo на Сулејмани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за сослушување за наредбата на претседателот Доналд Трамп во Ирак да се y6иe висок ирански генерал.

Јавното сослушување на Помпео е закажано на 29 јануари.

– Оценувам дека Вашето сведочење е исклучително важно и подготвен сум да ги искористам сите легални средства за да го oбeзбeдaм Вашето присуство, се наведува во писмото на претседавачот со Одборот, демократот Елиот Енгел испратено до Помпео.

Одборот, каде демократите имаат мнозинство, соопшти дека Помпео е повикан да сведочи откако поголем број членови на Конгресот, вклучително и републиканците бараа повеќе информации за y6иcтвoтo на иранскиот генерал Касим Сулејмани во Багдад.

Тоа е вторпат Помпео да се биде повикан да сведочи пред Одборот. Првото сослушување беше закажано на 14 јануари, но Помпео не се појави.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This