Конгресот потврди: Трамп и официјално е новиот американски претседател

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот Конгрес ги потврди гласовите на Електорскиот колегиум, со што Доналд Трамп и официјално стана избран претседател на САД.

tramp-640x294

Конгресот, исто така, го потврди изборот на Мајк Пенс за потпретседател на САД.

Во текот на броењето на гласовите, на заедничка седници на двата дома на Конгресот, демократите изнесоа мноштво забелешки, но тие не беа прифатени, пренесуваат американските медиуми.

Со ова и официјално е потврден резултатот од гласањето на 538 електори, според кој  Трамп освоио 304 гласа од електорите, а Хилари Клинтон 227, и покрај тоа што таа добила речиси 2,9 милиона гласови повеќе од Американците.

За победа на претседателските избори на Трамп му беа потребни 270 електорски гласови.

Трамп и Пенс заклетвата на новите функции ќе ја положат на инаугуративната свеченост на 20 јануари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This